Еве како нашата пејачка ужива по разводот со новиот љубовник – испливаа фотки што кажуваат сé
Тамара Тодевска објави неколку романтични фотографии, а тоа го направи и нејзиниот сакан
Пејачката е пресреќна
Откако тој се појави во нејзиниот живот, пејачката Тамара Тодевска (38) ужива во секој момент поминат со него.
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска повторно е среќна во љубовта, што можеме да видиме и од нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, нејзината најнова објава на оваа социјална мрежа зборува токму за тоа, на која таа ужива покрај своето ново момче.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тие заедно се на патување во Мадрид, а заеднички фотографии објавија и двајцата, од кои на едната нивните лица се заокружени со срце.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Ова доволно зборува за тоа колку е силна нивната љубов, а во коментарите многумина им порачаа дека заедно изгледаат прекрасно.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Потсетуваме, Тодевска моментално е во емотивна врска со младиот скопски дизајнер и архитект Лука Радовиќ.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Таа неодамна се разведе од поранешниот кошаркар Александар Димитриевски – Мачка со кого беше седум години во брак.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара од овој брак ги има децата Хана и Дарен, а со Мачка останаа во коректни односи и имаат нормална и здрава комуникација.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Нејзиното ново момче, Лука, ја поддржува Тамара во нејзините настапи, но има одличен однос и со нејзините деца.