Наши ѕвезди

Еве како нашата „министерка“ се прошета во еден од најомразените трендови на многу жени

И додека едни жени ни „под разно“ не би го носеле овој тренд, нашата пејачка смело го носи и изгледа како милион $ Многу жени не сакаат да го носат овој дезен

Advertisement

Пејачката се појави во гламурозен фустан со животински дезен со кој совршено ги истакна своите занесни облини и го привлече вниманието.

Нашата позната фолк-пејачка Сања Цинцева, позната и како Сања Барби, на една приватна прослава се појави во тесен фустан со долги ракави и шлиц кој дополнително го истакна телото, додека отмениот животински дезен му даде посебен сјај на целокупниот стајлинг.

Advertisement

Сања блескаше во ова свое издание, а длабокиот шлиц во преден план ги стави нејзиното згодни нозе на кои носеше црни сандали.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Таа целото издание го заокружи со златен накит, кој во комбинација со фустанот му додаде луксузна нота на стајлингот.

Advertisement

Инстаграм/ Сања Цинцева

Инаку, овој дезен очигледно и е омилен на Сања во последно време, што може да се види и од нејзините летни фотографии.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Имено, пејачката пред неколку недели пријатно ги изненади своите фанови со своите изданија од плажа, кога позираше во костим за капење со многу сличен дезен како оној на фустанот што го носеше деновиве.

Инстаграм/ Сања Цинцева

Сања која се прослави со својата песна „Министерка“ и тогаш никого не остави рамнодушен, а под овие нејзини фотографии се уште се редат коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Како нашата министерка изгледаше и во ова свое издание, потсетете се тука или од фотографиите во рамките на овој текст…

Инстаграм/ Сања Цинцева

Инстаграм/ Сања Цинцева

Инстаграм/ Сања Цинцева

Бонус видео

Инстаграм/ Сања Цинцева
Сања Барби во акција, распеана и гламурозна

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button