Еве како Мики Секуловски ги освои срцата на жените – и менторката Цеца ќе остане без зборови (фото)
Еве зошто Мики Секуловски е најдобриот манекен меѓу колегите во „Ѕвездите на Гранд“
Пејачот се снајде и во улога на манекен
Пејачот Мики Секуловски ги воодушевува гледачите со неговите настапи во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој на еден од своите последни настапи доби позитивни критики и за изведбата на песната „Ја излези Ѓурѓо“, по што композиторот Александар Милиќ Мили му порача почесто да го гледаме и во вакво издание, бидејќи и со ваков тип на песни одлично се снаоѓа и има потреба да го шири и развива својот талент.
Но Мики сега покрај својот неприкосновен талент за музика покажа дека би можел да заплови и во манекенски води.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, на социјалните мрежи испливаа неколку фотографии на кои тој носи костуми, а Мики со ова свое издание веднаш им го привлече вниманието на припадничките на понежниот пол.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Пејачот на фотографиите изгледа како да се дел од некој реклама, а како тој се снајде и во оваа улога погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики откако се појави на грандиозната сцена веднаш се најде во центарот на вниманието, посебно кај жените.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој уште со првиот свој настап ја освои Светлана Цеца Ражнатовиќ која е пресреќна што го има во својот тим.
Од друга страна и Мики не крие дека е воодушевен од соработката со Цеца и нејзината професионалност, но и дека е позитивно изненаден од тоа каква е пејачката кога ќе се изгаснат камерите и рефлекторите.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Мики неодамна зборуваше и за својот емотивен статус кога откри дека не е оженет, но и дека во моментов е „соло“.
„Најверојатно се уште ја немам пронајдено вистинската. Имав некои семејни проблеми и останав во Белгија 5 години, бидејќи едноставно морав да останам. Но се вратив и одлучив да се пробам во ‘Ѕвездите на Гранд’ и живеам во Македонија“, изјави Мики за Гранд, па додаде:
„Има девојки во Македонија, само треба некој да се потруди да ги најде“, вели во шега талентираниот пејач од Велес.
Фото: Инстаграм/ Мики Секуловски
Како звучеше неговата изведба на „Ја излези Ѓурѓо“ во Гранд, погледнете и слушнете во продолжение…