Еве како Маја Поцевска ужива во Паралија – овој детаљ ги воодушеви сите, изгледаше како манекенка (фото)
Таа е една од најубавите жени на нашата јавна сцена
Нејзиното згодно тело беше во преден план
Маја не ја тргаше насмевката од лицето, а во преден план беа нејзините витки нозе со кои ги воодушеви сите.
Поранешната македонска водителка Маја Поцевска (47) отпатува во Грција од каде се огласи на социјалните мрежи.
Таа сподели неколку фотографии на својот профил на Инстаграм направени на едно од најубавите места во Паралија.
Инстаграм/ Маја Поцевска
Таа позираше насмеано седната покрај шанкот, а многумина беа изненадени од нејзиниот извонреден летен стајлинг.
Имено, Маја носеше црн костим за капење, а преку него наметка за плажа со шик леопард дезен. Таа целото издание го зачини со интересни папучи од познат дизајнерски бренд и темни очила за сонце.
Инстаграм/ Маја Поцевска
Потсетуваме, Маја долги години важеше за една од нашите најубави и најпознати телевизиски водителки.
Таа беше авторка на многу гледани забавни телевизиски емисии и ток-шоуа, а позната е и нејзината сестра Наташа Петровска, сопственичка на едно од најпознатите студија за убавина во Скопје, Фигурела.
Инстаграм/ Маја Поцевска
Маја оваа година во септември ќе го прослави и вториот роденден на својата внука Мина која што ја има од ќерката Јана и зетот Стефан.
Инстаграм/ Маја Поцевска
Откако стана баба, медиумите за Маја пишуваа дека е најзгодната баба на нашата јавна сцена, а овие фотографии само го потврдуваат тоа.
Инстаграм/ Маја Поцевска
Маја и во петтата деценија зрачи со својот шарм и изгледа феноменално во секое свое издание, посебно кога ќе одлучи да ја истакне својата линија на ваков провокативен начин и да ги воодушеви сите.
Погледнете уште неколку фотографии на оваа наша прекрасна дама…