Еве како Марија ќе му објасни на својот син дека има само мајка – пејачката им ги затна муцките на сите
Пејачката ужива во мајчинството
Нејзиниот сон конечно се оствари, никогаш не била посреќна
Пејачката Марија Шерифовиќ во декември минатата година се оствари во најважната улога во својот живот.
Таа тогаш во Соединетите Американски Држави со помош на сурогат мајка доби син на кого му го даде името Марио.
По враќањето во Белград Марија речиси секојдневно објавува снимки од кои може да се види колку ужива во мајчинството.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Денес околу обврските најмногу и помага нејзината мајка Верица, а неодамна за својата нова животна улога изјави:
„Навистина е предизвик! Колку и да сум подготвена за нов живот и на поинакви приоритети, со голема љубов што Марио ми ја донесе има и многу лични предизвици. Но, не се жалам, уживам во секоја секунда“, изјави тогаш пејачката, па откри и дека често размислува за тоа што ќе му каже на својот син кога ќе порасне за околностите во кои што се родил.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Имено, Марио е роден со помош на сурогат мајка, така што Шерифовиќ му е единствениот родител, на што таа вели:
„Кога ќе дојде време за тоа, јас ќе дадам сé од себе за да го подготвам за сите околности. Мислам дека за секое дете најважно е да расте во опкружување полно со љубов“, изјави тогаш Марија.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Пејачката исто така призна дека и се исполнил најголемиот сон, а тоа е токму нејзиниот син, од кого сега не се одвојува.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
„Мојот најголем сон се оствари и се вика Марио. Од сега мојот син и јас фантазираме заедно“, изјави Марија за хрватскиот „Стори“.