Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Маријана и Росана ги прославија велигденските празници – пејачките покажаа дел од своите празнични трпези

Реклама

Еден од најубавите и најголеми христијански празници, Велигден, е времето кога секоја домаќинка со голема радост се труди да биде што е можно покреативна при вапцаето на велигденските јајца.

Маријана дефинитино беше една од најкреативните.

Маркетинг

Нејзините велигденски јајца се вистински ремек дела. Таа и нејзината сестра Росана се пофалија и покажаа какви домаќинки се и како украсиле за Велигден.

На социјалните мрежи објавија фотографии на кои ја покажаа својата креативност.
Иако не живее во Македонија, Маријана сепак ја испочитува традицијата и за Велики Четврто бојадиса јајца.

Маркетинг
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

„Македонци мои, луѓе мои, Македонио наша. Нека деновите ви бидат осветлени со сонце, дарувајте љубов, мир и спокој себеси и секому. Да сте ми здрави, живи, весели и од Бога благословени. Среќен нека ни е Велигден“, напиша Маријана.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Двете сестри близнчки Маријана и Росана беа исклучително популарни во текот на 90-те години од минатиот век.
Откако се појавија на сцената веднаш привлекоа внимание. До тогаш, па и сѐ уште на сцената се немаат појавено две сестри близначки, кои извонредно пејат, а уште поубаво и изгледаат.

Маријана и Росана се двете сестри кои оставија непроценливо богатство на македонската музичка сцена. Нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици, а ги слушаат и помладите генерации.

Својот прв настап го имале кога имале само 17 години, а својата кариера ја започнале изведувајќи поп мелодии.
Во текот на својата кариера постигнаа неверојатен успех. Настапи концерти имаа ширум Македонија и сите сакаа да ги слушаат сестрите како пеат во живо.

Нивнта зедничка кариер завршува во моментот кога Маријана носи одлука да се пресели во Австрлија. Тогаш Росана продолжува со соло кариера и исто така достигнува големи успеси.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Таа го менува и стилот, така што денес е една од најголемите ѕвезди на фолк естрадата, за разлика од Маријана, која во Австралија работи како стоматолог.

По некое време и Росана престанува да се занимава со музика, па денес работи во една скопска книжарница.
Во едно свое интервју за Гламур таа откри кои биле причините за да ја смени професијата.

ФОТО: Росана Сариќ Тодоровска / Фејсбук

„Едноставно во еден момент многу работи се сменија и тоа по надолна линија (според моето мислење). Не сакав да бидам дел од нешто коешто немаше врска со уметност. Не сакав да пеам со „autotune”. Не сакав да правам песни со празни текстови кои ќе се заборават за кратко време. Не мислев дека надворешниот изглед е поважен од гласот. Истовремено се укинаа и сите радио и ТВ емисии преку кои ние ги промовиравме нашите песни и останувавме блиски до нашата публика.

Едноставно немав мотивација ни елан да правам уметност во „шунд” околина. Секако, чест на исклучоците и на сите оние кои останаа доследни на својот стил, на сопствениот начин на правење на музика и останаа доследни до вистинските звуци на македонската песна“ ни изјави тогаш Росана.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Иако долго ги нема на музичката сцена, публиката и понатаму ги памети ги пее нивните хитови.
И двете се мајки и баби.

Росана е мажена со македонскиот актер Ѓорѓи Тодоровски Трупче, а Марјана пак ужива во живототот во дијаспората.
Таму се дружи со пејачката Татјана Лазареска која исто така живее во Австралија во близина на Маријана, па двете пејачки често знаат да се соберат и да направат фешта.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Инаку таа од бракот со композиторот Тоде Новачевски со кој долги години пловеше во брачните води ги има ќерката Магдалена и синот Филип.

На Велигден минатата година стана баба. Филип ја доби ќеркичката Ива, со која Маријана не пропушта да објави фотографии на социјалните мрежи.

Од фотографиите може да се забележи дека Магдалена инаку е вистинска убавица. Гордата Маријана често споделува фотографии од неа за да покаже во каква убавица пораснала нејзината ќерка.

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

„Секој ден таа е се поубава и поубава, со нејзината душа, љубов и грижа….понеогаш не си ја чисти собата хахаха. Мамина душичка, мамино сѐ“, стои во описот на една од фотографиите.

Но и Маријана може да се пофали со извонреден изглед за своја возраст. Мора да се признае дека времето како да запрело за оваа пејачка, која воодушевува со младликоста и витката става.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:

ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук
ФОТО: Маријана Новачевска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button