Малите дечиња на многу мајки им се најслатки додека спијат, но и штом ќе се разбудат со нивната разбушавена косичка и додека се уште поспани.
Тоа деновиве ни го покажа и пејачката Маја Шупут која сподели фотографија од синчето Блум Татаринов и покажа колку тој изгледа неодоливо кога ќе се разбуди. Таа фотографија од нејзиното мало жапче ја објави на својот профил на Инстаграм, а на неа тој е со разбушавена коса и во бело боди, со насмевка и цуцла во устата.
Само што се разбудив и потполно сум неодолив, напиша маја во описот на преслатката фотографија.
Пејачката откако се породи често со своите обожаватели споделува вакви убави моменти од нејзиниот живот.
Нејзиното мало прасенце и овој пат ги освои симпатиите на сите. Инаку, Блум овој месец треба да го прослави својот втор роденден, а Маја Шупут и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов веќе се подготвени за овој посебен ден.
Тој сега е центарот на светот во нивниот живот, а тоа може да се забележи и од нивните објави на Инстаграм.
Имено, Маја многу често објавува фотографии од синчето на кои тој изгледа неодоливо. Тој е нејзиниот Бејби бос, како што таа многу пати знае да го нарече на Инстаграм, алудирајќи на лик од познатиот цртан филм на кој нејзиниот наследник навистина по малку личи.
Воедно и Блум обожава да го фотографираат, а тоа може да се забележи и од фотографиите на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут