Еве како македонската Анџелина Џоли го прослави роденденот на ЌЕРКИЧКАТА – гала забава за малата убава принцеза
Гала забава за малата убава принцеза
Ќерката на Александра Накова, Леа, која што таа ја доби од бракот со поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев, го прослави својот шест роденден.
Познатата мама не крие колку е среќна и горда на својата наследничка, а дел од атмосферата сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Од нејзините фотографии и видеата можеме да видиме дека славеничката изгледаше како принцезичка и дека беше пресреќна, и покрај тоа што заради епидемијата со коронавирусот не беа во можност да направат голема роденденска прослава, туку само во кругот со најблиските пријатели и роднини.
Бидејќи собирањата се забранети, поранешната манекенка најде начин како на својата наследничка овој ден да и го направи убав, па на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од прославата.
Просторијата беше украсена со голем број бели и розови балони кои совршено одговараа со преубавата голема розова торта во форма на еднорог.
Мама ја изненади Леа и со честитката на социјалните мрежи, каде со емотивна порака и го честиташе роденденот.
„Секогаш ќе бидеш моето мало убаво девојче. Се надевам и дека секогаш ќе знаеш колку те сакам. Среќен роденден мое бебенце“, напиша Александра.
Инаку, поранешната манекенка и ријалити ѕвезда, која во моментов живее во Гевгелија, ќерката ја доби од бракот со поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев.
Тие ќерката ја добија само неколку месеци откако запловија во брачните води, но и за кратко време се разделија.
Ќерката на Накова за прославата беше облечена во преубав фустан во пастелна розова нијанса и изгледаше како принцеза.
Нејзината мајка пак носеше тесен фустан во беж нијанса и сребрени салонки со тенки високи потпетици.
Еве како изгледаше атмосферата…
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова