Еве како Лепа Брена ја подготвува славската трпеза – сармите ЗАВИТКАНИ, пејачката се весели со куќната помошничка!
Семејството Живојиновиќ го слави Св. Архангел Михаил и по тој повод секогаш имаат многу гости.
Брена додека ја спремаше славската трпеза во еден момент заигра со заедно со домашната помошничка…
Познатата фолк-пејачка Лепа Брена по бројните концерти што во изминатиов период ги одржа во Америка се врати во Белград и веднаш започна со подготовките за слава.
Семејството Живојиновиќ го слави Св. Архангел Михаил и по тој повод секогаш имаат многу гости.
И бидејќи куќната слава секогаш бара и сериозна подготовка Брена ги засука ракавите, се фати за тенџерињата и тавите, и покажа како се снаоѓа и во улога на домаќинка.
Таа цело време вредно и помагаше на својата готвачка во подготовката на трпезата, а во еден момент решија малце да здивнат и сред кујната заиграа на познатиот хит од Радиша Трајковиќ Џани, „Ме заведе и исчезна“.
Брена играше заедно со домашната помошничка и не ја тргаше насмевката од лицето.
Оваа атмосфера ја овековечи помладиот син на Брена, Виктор, и снимката ја сподели на Инстаграм.
Од објавите можеме да видиме дека и оваа година трпезата ќе биде богата, но и дека на Брена готвењето не само што не и тешко, туку таа и ужива во тоа.
По веселбата со песната од Џани дојде време и за виткање сарми, а Виктор го покажа и резултатот.
Инаку, Брена и Боба е познати како добри домаќини, и секогаш водат сметка до најситниот детаљ, од храната до забавата, па прославата и овој пат ќе биде на ниво.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм