Реклама
Вирално

Еве како Кинезите брзо и ефикасно го решија коронавирусот – ова е единствениот лек, вели една нашинка од Кина и предупредува …

Реклама

„Пеат Италијанците, но и многумина плачат. Пееја и Кинезите. Песната трае три минути. Карантинот – три месеци.

И додека во Европа вирусот се шири, во оваа голема држава сé е санирано и полека се враќа во нормала

Маркетинг

Постојат многу луѓе од овие простори кои живеат во туѓина и ги делат своите впечатоци во врска со состојбата со коронавирусот на оние места каде во моментoв се наоѓаат.

Една од нив е и влијателната твитерџика, позната под псевдонимот Волшебна, која ги дели своите впечатоци од Кина, од градот во којшто живее. Како што вели, сé е санирано и сé полека, но сигурно се враќа во нормала.

Маркетинг

Градот во кој живеам во Кина има 7 милиони жители. Вкупниот број заразени беше 19, од кои во моментов тројца се на лечење, додека останатите се пуштени на домашно лекување. Нема сомнителни случаи, нема нови заразени веќе месец дена, контролираат кој доаѓа во градот, брзо реагираат штом ќе се открие заразата. Во градот сите мораа да носат маски, во такси не можеше да седнат повеќе од две лица.

„Ресторани, барови, музички места беа затворени веднаш. Работа од дома е воведена секаде каде што тоа е возможно, додека на останатите им беше скратено работното време.Температури мереа на секое ќоше“.

„Дезинфицирано беше апсолутно сé, и на тој начин го спречија ширењето на вирусот“.

„За заразените можеше да се прочита на секој чекор, каде и како се движат, па дури и каде се сместени. Согласни се за една работа, а тоа е дека наведените работи не преставуваат нарушување на приватноста, туку едноставно само мерка на претпазливост – и тоа никому не му пречи“, пишува Волшебна на својот Твитер.

Според неа токму неконтролираното движење довело до ширење на вирусот. Таа заклучува дека ситуацијата е санирана само заради споменатите мерки.

Еве уште неколку нејзини интересни коментари во врска со состојбата во Кина.

„Пеат Италијанците, но и многумина плачат. Пееја и Кинезите. Песната трае три минути. Карантинот на цела држава три месеци. Намалете го малку тоа дивеење по кафулињата и трговските центри, за да го решиме ова што поскоро, кога државата веќе не знае како да спроведе закон што ќе ве натера на тоа“.

Почнуваш да се чувствуваш како во затвор, а не знаеш колку си осуден

Волшебна сподели уште неколку коментари во врска со карантинот, но и како треба да се постапува во вакви ситуации.

„Почнуваш да си тажен, бесен, анексиозен, некој ќе ти се јави на мобилен, па ќе те насмее, чувствата ти се менуваат како на ролеркостер. Ќе слушнеш убава вест, некој е пуштен од болница, мислиш ќе помине брзо. Па ќе слушнеш дека нечие срце не издржало, и стануваш песимистичен во секунда. Па плачеш во 4 ѕида“, вели таа и додава:

„Една недела одмараш. Па почнуваш да бараш некоја занимација. Па ти здосадува. Па ќе најдеш друга. Читаш, гледаш филмови, правиш јадење, чистиш. Па почнуваш да се чувствуваш како во затвор, а не знаеш колку си осуден. Некој не знае“ пишува искрено Волшебна.

Сакате ли сите да сте во карантин?

„Многу ме нервира што народот е неодговорен, што се смее на секој што води сметка за себе и другите, зарем е толку тешко да го сфатите ова сериозно, зарем сакате цела држава да биде во карантин? Бев месец дена затворена во стан во Кина, воопшто не е смешно и забавно“ предупредува Волшебна.

„Господине претседателе, волонтерите и членовите на Црвениот крст се тие кои треба под адекватна заштита да носат неопходни намирници/лекови на оние кои треба да останат во своите куќи/станови!“

„Е браќата Кинези беа во фазон дека можеш да купиш до пет маски, но ние какви сме, ќе одевме од аптека до аптека па пет по пет триста маски“.

„И повторно ќе кажам – луѓето најмногу ги губат животите бидејќи 1. Нема доволно кревети. 2. Нема доволно доктори. 3. Нема доволно респиратори. 4 нема доволно тестови. Така што тој процент за cмpтнoстa закачете и го на мачката на опашка. Ќе преживееш 99 % ако си во добра здравствена состојба и ако имаш каде да се лекуваш“ вели таа.

„Градот е модерен и прометен, има интернационални аеродроми, летови со Кореја секојдневно, има пристаниште, стотици возни линии, можеше да дојде тука кој сака, но ќе беше 14 дена во карантин по доаѓање и не можеше да зарази никого. Утре да не ми каже некој дека тоа е некое кинеско село. Во еден момент испратија 500 доктори и медицински техничари таму кај што се најпотребни во Вухан. Ете тоа би било од мене за денес“, пишува Волшебна на својот Твитер профил кој го следат повеќе од 20 илјади луѓе

Па што друго да кажеме освен секоја чест за Кинезите. Тие им покажаа на сите како треба се постапува со вирусот и им дадоа домашна задача и на другите земји.

Браво!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button