Наши ѕвезди

Еве како Калиопи денес зборува за разводот од својот поранешен сопруг – овој момент нема да го заборават

Тие во брак не издржаа ни 10 години, но затоа во музиката се заедно 40 и функционираат одлично

Advertisement

Реакциите по феноменалниот концерт на Калиопи се уште не стивнуваат

Нашата поп-дива на концертот со своите песни успеа да ја разнежни публиката штом се качи на сцената и се фати за микрофонот.

Advertisement

Сепак моментот кога на вториот бис го покани својот поранешен сопруг да дојде на сцената и заедно да ја изведат легендарната песна „Бато“ емоциите го достигнаа врвот, кога сите во публиката целата песна ја пееја заедно со неа во еден глас.

Имено, Ромео Грил беше дојден специјално за концертот од Швајцарија и во публиката седеше заедно со неговата сопруга.

Advertisement
Инстаграм

Калиопи, како што многу пати истакнала досега, има одличен однос и со неговата сопруга, а со Ромео се уште интензивно соработува.

Инстаграм

Тој се уште ги пишува нејзините песни, а автор е и на песната „Знам“ која Калиопи ја изведува во дует со Жељко Самарџиќ.

Како изгледаше моментот кога тие двајцата ја изведоа легендарната песна Бато која и денес е хит од Вардар до Триглав, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, Калиопи со својот поранешен сопруг соработува веќе цели четири децении, а како што самата истакна во една пригода, тие само неколку дена по разводот влегле во студио.

Инстаграм

„Мислам дека ние си направивме голема услуга еден на друг со нашиот развод. Ние станавме уште покреативни. Уште повеќе од сето тоа добивавме инспирација. Се сеќавам, ‘98 се разведовме, и по само неколку дена влеговме во студио“, изјави неодамна познатата пејачка за Гранд како гостинка во нивното популарно шоу.

„Потполно сме необичен спој, но многу складен. Во брак не издржавме ни 10 години, но затоа 40 години одлично функционираме заедно во музичкиот свет. Мислам дека токму затоа и се сретнавме, за да создаваме прекрасни песни“, истакна Калиопи тогаш за Ромео во интервјуто за споменатиот портал.

Повеќе детали од нејзиниот концерт во Борис Трајковски кога на публиката им приреди незаборавна вечер, погледнете во продолжение.

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button