Еве како изгледа топлиот семеен дом на нашата позната фолкерка – ПОГЛЕДНЕТЕ и кој ги носи нејзините високи потпетици!
Наследничката на македонската пејачка иако многу мала се чини дека тргна по стапките на мама.
Сања Сани Гроздановска е една од најпопуларните пејачки во моментов во земјава.
Таа плени со својот стас и глас, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи.
И покрај тоа што е мајка на две деца Сани може да се пофали со совршена фигура на која може да и позавидат многумина помлади девојки.
Сепак се чини дека сега Сани доби замена.
Имено нејзината помала ќерка Ева танцуваше во високите потпетици на мама Сања и пееше, а по се изгледа дека го наследила талентот на мама.
Иако потпетиците и беа поголеми за неколку броја таа немаше никаков проблем да чекори и танцува на песната на Сани „Хаос“.
Инаку, пејачката е мајка на две ќерки – постарата Викторија (12) ја доби од првиот брак, додека Ева има три години и целата е на мама.
Фото; Инстаграм/Сања Грозданосвка- Сани
Таа често знае да ги изненади своите фанови и со „пикантни“ фотографии под кои секогаш добива голем број коментари и комплименти на сметка на својот феноменален женствен изглед.
И покрај бројните настапи Сани секогаш наоѓа време за своите ќерки и често објавува како го поминуваат времето заедно, но по се изгледа дека малата и преслатка Ева ќе тргне по стапките на мама и ќе стане вистински професионалец.