Еве како изгледа синот на Јелена Жугиќ што го има со поранешниот сопруг Александар Маленко – погледнете на кого личи (фото)
Актерката покажа како денеска изгледа нејзиниот син и ги воодушеви сите.
Јелена Жугиќ е македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, која може да се пофали со импозантна кариера и многу остварени улоги.
Јелена Жугиќ е и една од најангажираните анктерки на македонската сцена. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар е вработена од февруари 1997 година.
Во брак беше со нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација, Александар Маленко.
Од бракот со него го има синот Ахил.
Како и сите љубови на Маленко, така и љубовта меѓу него и Јелена заврши многу брзо, без притоа да останат во добар однос.
По завршувањето на тој несреќен однос, актерката продолжи сама да се грижи за Ахил, трудејќи се да му овозможи најдобри услови за живот.
Важи за храбра и борбена жена, која без влакна на јазикот, јавно умее да го каже својот став и несогласување со актуелните ситуации во земјава.
Минатата година, на почетокот на учебната година, поради пандемијата Ковид 19, беше донесена одлука учениците да имаат онлајн настава.
Ова ја изреволтира актерката и ја обвии државата за воведување на несоодветни мерки.
„Син ми Ахил требаше да го започне своето средно образование, требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по него додека излегува од дома, за арно, за убаво и лесно да му е, со нетрпение да очекувам пораки на вибер дали е со другарите од основновно во исто одделение, па кој му е класен/класна, па со кого во која клупа и редица седнал…денес требаше да биде празник во мојот дом, оти ‘знаењето е сила, знаењето е моќ’ е максима во моето семејство генерации наназад“, напиша актерката тогаш на својот Фејсбук профил и со својата порака никого не остави рамнодушен.
„Требаше….требаше…и ќе беше, да бевме нормална држава, која се грижи за образовниот систем како за најдрагоцениот темел на кој почива иднината. Со ваква држава треба да се плашиме за иднината на младите“, напиша Жугиќ.
На летен одмор заедно со синот
Деновиве Жугиќ ги користи летните сончеви денови да ужива на плажа во Црна Гора.
На одмор замина заедно со својот син.
Таа на социјалните мрежи често знае да сподели и некоја фотографија од Ахил преку која може да се види колку пораснал и напреднал.
„Син мајкин, гордост мајкина“, напиша Јелена во опис на последната фотографија.
Она што може да се забележи е дека многу потсетува на неговиот татко.
Инаку, Жугиќ одамна престана да се појавува на емисии и интервјуа од забавен карактер и многу ретко зборува за нејзиниот приватен живот.
Активна е на Инстаграм и Фејсбук, каде има голем број слебедници со кои споделува и приватни моменти.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение: