Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа семејното гнездо на Хурем – познатата актерка со ќеркичките и партнерот ужива на ова прекрасно место

Реклама

Наследничките на Хурем уживаат во нивниот дом

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Една од најпознатите турски актерки, 37 годишната Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман величествениот“ пред неколку дена се породи и на овој свет го донесе своето второ дете, ќерката или Кои, која што ја доби со партнер чиј идентитет се уште не сака да го открие во јавноста.

Веста за раѓањето на ќеркичката таа самата ја сподели со своите бројни фанови на социјалните мрежи кога објави и неколку прекрасни фотографии на кои позира со бебенцето. Но таа и со своите останати објави, што ги закачи на својот профил во изминативе денови, на сите им даде до знаење дека ужива во мајчинството и најубавите моменти во животот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Тоа го направи и овој пат, но вниманието го украде позадината на снимката преку која сите можеа да видат како изгледа нејзиниот дом.

Гордата мама на ќерките Лара и Лили весело танцуваше со неодамна родената ќеркичка во прегратките, а видеото го сподели преку своите Инстаграм приказни.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Но покрај емотивната глетка на која во центарот на вниманието се мајката и ќерката, не помина незабележано ни позадината во нејзиниот дневен престој кој може да се види во одразот на огледалото. На овој начин познатата турска актерка која инаку многу ретко споделува приватни моменти, сега покажа како изгледа нејзиниот дом во кој живее со својот сакан партнер и наследничките.

Од видеото можеме да видиме дека во просторијата во која Хурем го минува најголемиот дел со своето семејство има удобен сив тросед, но и интересни уметнички дела на ѕидовите како и голем букет со разновидно цвеќе кое дополнително го украсува целиот простор.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Собата е со високи ѕидови, а прозорите на покривот го осветлуваат целиот простор и создаваат совршена прозрачност.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Покрај тоа што обожавателите имаа ретка можност да видат како шармантната „султанка“ го уредила својот дом, таа неодамна им покажа и како нејзината ќеркичка Лара се грижи за својата помала сестричка. Актерката тогаш сподели неколку емотивни кадри од кои можевме да видиме како Лара ја држи во прегратки Лили и со тоа го потврди она што неодамна нејзината мајка го изјави за хрватскиот „Стори“: Лара е многу возбудена и со своите кукли вежба како наскоро е ми помага околу бебето, изјави тогаш таа.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button