Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа родениот брат на Лепа Брена – погледнете, сличноста е неверојатна! Го викаат Лепи Бранко и има фантастичен глас!

Реклама

Малкумина знаат дека Брена има и роден брат

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Братот на Лепа Брена се појави во познатата емисија, но и да го гледавте неговиот настап кога се појави на сцената, никогаш немаше да знаете чиј брат е тој.

Имено популарната пејачка Лепа Брена има постари брат и сестра. Нејзиниот брат се вика Фарук а нејзината сестра Факета.

Маркетинг

Малкумина знаат дека и постариот брат на Брена е талентиран за музика. Тој дури се има појавено и во шоуто „Никогаш не е доцна“. Со музика се занимава со децении, свирејќи хармоника во бендот „Машак Миша“.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

„Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник“, напиша своевремено балканската дива под фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на која што е со нејзиниот брат.

Кога Фарук се појави во Никогаш не е доцна, Жика Јаксиќ откри дека заради неговата сестра го викале Лепи Бранко, а кога ја отпеа „Одисеја“ сите останаа без зборови.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Тогаш во жирито беше и Калиопи која беше воодушевена од него, како и сите останати што го слушнаа неговото пеење.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Лепа Брена ја искористи приликата да каже како станала пејачка, но и кој е главниот виновник што нејзиниот брат не изградил кариера.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Прво пееше нашата сестра Факита, па Фарук, па дури тога јас. Јас почнав да пеам бидејќи немав пари на факултетот за да се издржувам, за да можам да студирам, но кај мене тоа се случи со голема брзина и професионално. Јас ќе кажам кој беше виновен, а виновна сум многу повеќе јас отколку тој“, беше тогаш потполно искрена познатата пејачка.

Еве како изгледаат Лепи Бранко и Лепа Брена кога се заедно:

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Брена има и сестра, но поради преголемата оддалеченост, не се гледаат онолку често колку што би сакале.

Имено, таа веќе долго време живее во Канада и има и две ќерки. Интересно е и тоа што и Факета како и нејзиниот брат Фарук се надарени за музика,

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Еве што вели Брена за нејзината убава сестра:

„Откако знам за себе, нашата мајка пееше убаво севдалинки. Факета почна да пее пред мене, па тоа го направи и мојот брат Фарук, а потоа и јас под влијание на мојата професорка по музичко воспитување Радмила Ќоровиќ.“

Фото: Фејсбук/ Фикрета

„Бев хиперактивно дете, па моите родители, и мене и брат ми и сестра ми, постојано не насочуваа кон спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме додека пеевме во хор. Растевме слушајќи музика од познатите фестивали од тоа време“, изјави Брена пред неколку години.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button