Еве како изгледа родениот брат на Благоја Грујовски – многумина не знаат дека и тој е познат музичар
Овој музичар му е роден брат на познатиот пејач
Благоја Грујовски важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, а со музика се занимава и неговиот брат Ташко Грујовски.
Тие потекнуваат од реномирано музичко семејство – нивниот покоен татко Мате Грујовски беше многу познат и признат композитор со голем број песни што ги исполнувале најразлични музичари.
Нивниот татко, исто така беше и долгогодишен главен и одговорен уредник во МРТВ, па така Благоја и неговиот брат Ташко очигледно имаа од кого да го учат музичкиот занает.
И Ташко како и неговиот брат Благоја е познат во музичкиот свет и важи за еден од најдобрите контрабасисти и тамбураши во Македонија, а исто така е и автор на голем број народни песни.
Впрочем токму Ташко е автор и на песната „Пријателе мој“ која што Благоја ја пее заедно со Гоце Пејковски.
Ташко свири на „ирска мандолина“ и ја исполнува песната „Се посврши Сербез Донка“
Потсетуваме, Благоја токму за оваа песна деновиве го промовираше и спотот и тоа на денот на неговиот роденден.
Благоја и Ташко заедно
Промоцијата беше во еден познат скопски ресторан каде беа присутни голем број познати пејачи и музичари, а повеќе детали од овој настан погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Тања Јовановска
Инстаграм/ Тања Јовановска
Инстаграм/ Тања Јовановска
Инстаграм/ Тања Јовановска