Еве како изгледа раскошната вила на Цеца на Кипар – комшиите и се БОГАТАШИ, за ваков луксуз многумина можат само да сонуваат!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ поседува луксузна вила на Кипар покрај самото море, која ја посетува секое лето.
Таа оваа година ќе оди заедно со ќерката Анастасија и синот Вељко, како и неговата спруга Богдана и малиот Жељко.
Како што пишуваат медиумите, таа неодамна решила да започне со реновирање на вилата, да додаде уште еден кат на кој ќе има апартмани, а на покривот ќе биде сместен помал базен, две џакузија и соба за масажа.
Куќата е од 400 квадрати и се наоѓа веднаш до морето во Аја Напи, а во дворот има огромен базен.
„Имам комшии Иранци, Кипарци и Руси со кои сум во одличен однос. Тоа се остварени луѓе на кои ништо не им значи мојата слава во Србија. Во Аја Напи летото е прекрасно, а таму му е убаво кога дома ќе биде постудено. Драгоцен ми е мирот во мојот втор дом“, изјави Цеца во една пригода, а ваков дом сред средоземното море секој би посакал.
Инаку, Аја Напи е туристичко место кое се наоѓа на југоисточното крајбрежје на овој медитерански остров.
Од главниот град Никозија е оддалечен околу 85 километри, а од Ларнаке 47 километри, каде што е и најблискиот аеродром.
Моментално Аја Напи важи за најзначајното и најголемото туристичко место на Кипар. Им 27 плажи од кои 14 се наградени со Сино знаме.
Кипар според бројот на плажи со Сини знамиња се наоѓа на второто место во светот , веднаш зад Хрватска.
Како изгледа вилата на Цеца на ова место, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин