Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа поранешниот сопруг на Весна Змијанац и ТАТКО НА НЕЈЗИНАТА ќерка Николија – тој е ДОКТОР по науки

Реклама

Пејачката беше омажена за него и со него ја доби ќерката Николија која тргна по нејзините стапки.

Фото: Инстаграм/ Весна Змијанац

Познатата пејачка на фолк музика, Весна Змијанац, за време на целата своја кариера важеше за голема заводничка, а нејзиниот приватен живот со години ја интригираше јавноста.

Тоа до некаде важи и за нејзината ќерка Николија која реши да тргне по стапките на својата мама и денес важи за позната пејачка и нема некој што не знае за неа.

Маркетинг

Но за разлика од славните мајка и ќерка, поранешниот сопруг на Весна со кого таа ја доби Николија многу ретко се појавувал во медиумите.

Имено, првиот сопруг на Весна Змијанац е докторот по економски науки Владо Јовановиќ, со кого пејачката во 1989 година доби ќерка.

По разводот од Весна, Владо повторно се ожени и од вториот брак доби уште две деца, ќерката Теодора и синот Лука.

Маркетинг
Приватна архива

Како што пишува српскиот Glossy, тој никогаш не сакал јавно да се експонира, а не беше пресреќен и со тоа што неговата и ќерката на Весна реши да заплови во светот на шоубизнисот, што во една пригода го потврди и самата Николија.

Таа тогаш изјави дека нејзиниот татко е алергичен на се што има врска со шоубизнисот, и тоа уште од времето додека бил со нејзината мајка. „Тој како доктор по науки никогаш не би ме советувал да се фатам за микрофонот“, изјави ќерката на Весна Змијанац во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Николија Јовановиќ

Еден од ретките моменти кога јавноста имаше прилика да види како Јовановиќ изгледа беше кога пред неколку години Николија се породи, кога дојде во болницата за да ја посети својата ќерка и внука.

Фото: Инстаграм/ Николија Јовановиќ

Мајка ми не се ни облече

За разлика од него, неговата поранешна сопруга Весна Змијанац не само што редовно се појавува во медиумите, туку и многу често беше во центарот на вниманието заради бројните скандали поврзани со нејзиниот бурен живот што го водеше во текот на нејзината кариера. Па така и нејзината ќерка Николија во една пригода, кога беше запрашана од страна на еден новинар, дали би се соблекла за некоја сцена во филм, спот или магазин, имаше интересен одговор.

Фото: Инстаграм/ Весна Змијанац

Имено, младата пејачка прво истакна дека не би се соблекла заради некоја сцена во филм, спот или насловна за магазин.

„За некои работи не постојат пари, како што не постојат ни пари за кои би се појавила во ријалити. Од оваа позиција – не, но никогаш не треба да кажете никогаш, можеби ќе ме удри криза на средните години, никогаш не се знае“, изјави тогаш Николија одговарајќи на ова прашање.

На забелешката на новинарот дека нејзината мајка своевремено се фотографирала тoплec, Николија со насмевка додаде:

„Да ви кажам право мајка ми никогаш и не се облече. Како што јас секогаш носам тренерки, па сите ме прашуваат што е тоа, а јас ќе им кажам, Јас сум Николија! Така и мајка ми, кога некој стилист ќе и каже дека деколтето и е малку поголемо, таа ќе каже ‘Молам?! Јас сум Весна Змијанац!’“

Фото: Инстаграм/ Николија Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Николија Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Николија Јовановиќ

Извор: Глоси, Гламур

Поврзано

Back to top button