Еве како изгледа мајката на една од најпознатите водителки во МАКЕДОНИЈА – Милена наскоро ќе и подари уште една внука!
Македонската водителка покажа дека и покрај пандемијата постои начин да се изненадат најсаканите во важните моменти од животот.
Милена Антовска е една од најубавите и најпопуларни водителки од новата генерација.
Милена е долги години делод малите екрани и тоа како дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Водителката е верна на својот тим и никогаш не го менува.
Освен телевизијата, медиуми кои ги користи за себепромоција и за заработка секако се социјалните мрежи.
Доста е активна и на Фејсбук и на Инстаграм, каде освен објави поврзани со работата, споделува и фотографии и видеа од нејзините најсакани.
Публиката ужива во објавите со нејзината ќерка Лана Марија.
Лана Марија е круната на љубовта меѓу неа и нејзиниот сопруг Гордан.
Станува збор за навистина складно и хармонично семејство.
Гордан и Милена очекуваат принова. Како што соопшти водителката која е при крај нa бременоста и кај и да е ќе се породи, очекуваат уште една ќеркичка.
Една е од ретките која јавно и отворено зборува за својот приватен живот.
Проблемите со кои се соочува се труди да ги сподели со свокте фанови, за им биде инспирација никогаш да не се откажуваат, туку да бидат сигурни дека за сѐ има решение.
Секогаш средена од глава до пети, Милена и бремена изгледа неверојатно.
Линијата ѝ е секогаш во топ форма, а тоа не се промени ниту сега.
Таа е пример за сите девојки, дека доколку се сака и рано наутро може да се одвои време за една жена да се среди и да изгледа одлично.
А, за прородната убавина Милена треба да се заблагодари и на своите родители.
Може да се каже дека ја наследила од својата мајка.
Нејзината мајка, за која вели дека е најважната жена во нејзиниот живот, славеше роденден, па гордата ќерка сподели и фотографии и видеа со неа.
Минатата година мајка ѝ била заразена со вирусот Ковид 19 токму за роденденот, па Милена одлучила да ја изненади со подарок на врата.
„На најважната жена во мојот живот денеска ѝ е роденден. Ова видео е од лани кога за жал мајка ми имаше корона, па морав вака од врата да ѝ честитам, но среќа сѐ добро се заврши“, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска