Еве како изгледа мажот со кого Анета Наковска ужива во љубовта – фолкерката процвета со него, никогаш не изгледала поубаво

Отсекогаш важела за дама што мажите ја обожаваат, но таа веќе подолго време е зафатена.

Како што самата откри во една пригода, со Спиро прв пат се бакнале во авион, и по само девет дена ја побарал за жена.
Пејачката на народна музика, Анета Наковска, во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, каде редовно објавува фотографии од настапите, но и од сето она што и се случува во животот.
Познатата пејачка отсекогаш важела за дама која мажите ја обожаваат, но таа веќе подолго време е зафатена.
Не е тајна дека таа веќе неколку години е во брак со бизнисменот Спиро Крлевски со кого замина да живее во Америка.

Кога се во Македонија, тие времето го минуваат во нивната луксузна вила во охридското Велгошти.

Но за разлика од своите колешки, пејачката не го крие својот партнер и со него често споделува заеднички фотографии.

Од нив можеме да видиме дека таа и денес изгледа занесно, но и дека нема проблем да позира во костими за капење.

Впрочем тоа го направи и пред неколку недели кога никого не остави рамнодушен со своите провокативни фотографии.

Уште на прв поглед може да се заклучи дека таа го негува своето тело, па во едно вакво издание се уште изгледа неодоливо.

Пејачката отсекогаш го привлекувала вниманието на посилниот пол, и покрај тоа што веќе неколку години е во брак.

Иако таа ретко зборува за својот приватен живот, не е тајна како го запознала својот сегашен сопруг.

Како што самата откри во една пригода, со Спиро прв пат се бакнале во авион, и по само девет дена ја побарал за жена.

Тој и дава максимална поддршка во нејзината карира, а како што самата вели, тој е и директно вклучен во креативниот дел.

Како Анета и Спиро изгледаат кога се заедно, но и зошто пејачката важи за дама која никого не отава рамнодушен, погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
