Еве како изгледа Лила во својот приватен живот – и без телевизиските камери изгледа како милион $
По фотографиите во костими за капење, Лила повторно на плажа, но овој пат во малку поинакво издание
Водителката Лила Филиповска по одморот во Турција сега повторно ги спакува куферите и замина на една преубава дестинација.
Овој пат во прашање е едно од најубавите места во Македонија, посебно кога станува збор за летниот период.
Во прашање е Охрид и преубавото Охридско Езеро пред кое Лила позираше и покажа како блеска во својот полн сјај.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но овој пат наместо костим за капење носеше фустан, а многумина и порачаа дека изгледа неверојатно добро во ова издание.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, шармантната водителка позната е и по својот беспрекорен стил, па така и сега нејзиниот моден избор привлече внимание.
Овој пат Лила избра фустан во кој изгледше како божица на женственоста, танцувајќи занесно под зајдисонцето.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Во прашање е креација која зрачи со елеганција и суптилен шарм, со дезен кој совршено се вклопи во опуштената атмосфера, додека длабокиот шлиц ги истакна убавите нозе на Лила.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Со ова свое издание таа и овој пат покажа дека со леснотија може дури и на летување да постигне софистициран изглед, а ги воодушеви сите и со тоа што почна да танцува под зајдисонцето.
Следуваа бројни коментари дека изгледа волшебно, а потоа Лила објави уште едно издание, но овој пат ги изненади сите со нешто друго.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, таа позираше пред питоните облечена во црн фустан и со чанта од познат светски бренд, а како изгледаше и во ова свое „шок“ издание, погледнете од фотографиите во продолжение.