Еве како изгледа кога Мијалков го жени синот – Цеца пее, Македонско девојче ечи на сиот глас (фото)
Македонска свадба за која зборува целиот Балкан

На социјалните мрежи исплива видео на кое се гледа како балканската фолк дива пее на една свадба во Македонија.
Како што пренесуваат медиумите, во прашање е свадба на најстариот син на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и неговата сопруга, примабалерината Александра Мијалкова.
Нивниот син се ожени со неговата девојка, а по црковната венчавка во Јован Бигорски свадбената веселба беше во Мериот.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
На свадбата беше и пејачката Тамара Тодевска која објави и едно видео од настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Како што пренесува српскиот „Курир“, „кулминација“ на вечерта настанала кога Цеца почнала да ја пее „Македонско девојче“.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од видеото што Тамара го сподели на својот профил на Инстаграм можеме да видиме како македонскиот џет-сет ужива и се забавува, а меѓу нив и многу познати личности од светот на естрадата.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Покрај Тамара меѓу гостите беше и манекенката Катарина Ивановска која исто така е многу блиска со децата на Мијалков.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Како што пренесуваат медиумите, негова желба била свадбата да биде во Македонија, иако новопечениот пар живее во Монако.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
На свадбата беа присутни познати лица и од балканскиот џет-сет, па за настанот објавија и медиумите во регионот.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Инаку, Цеца за оваа пригода носеше светкави панталони и сако, а како изгледаше, погледнете во продолжение…