Еве како изгледа жената што му роди ќерка на Јордан Митев – заради љубов се врати да живее во неговото село
Ова е еден од најубавите денови во животот на познатиот македонски фолк-пејач
Ова дама му го подари првото дете
Познатиот фолк пејач Јордан Митев неодамна прослави шестгодишнина од бракот со неговата сопруга Славица Митева.
Тие се запозна во Австралија, каде што пејачот е и сега, во моментот кога ги израдува сите со една среќна вест.
Имено, Јордан пред неколку дена ја започна своја турнеја во Австралија, а вчера на социјалните мрежи ја сподели најубавата вест.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга Славица се породи и роди женско дете, а пејачот веднаш се пофали и и посака добредојде на својата ќерка.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко!“, напиша Јордан на социјалните мрежи.
Инаку, Јордан и Славица неодамна прославија шест години брак кога пејачот објави снимка од нивната свадбена веселба.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„Моја кралице, убавице, за мене си мелем на срце. Ќе те чувам јас, само за мене и заедно да остариме“, гласат стиховите од песната што Јордан во видеото и ја пее на својата саканата на нивната свадба.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тие се запознаа во Австралија, а на вечна љубов се заколна во 2017 година, по што решија да се вратат да живеат во Македонија.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата невеста е родена во Австралија, но денес со сопругот живее во Подареш, родното село на Јордан.
Во разговор со нашиот магазин, во една пригода Јордан ни откри дека ја сака цела Македонија, но дека токму во неговото родно место му е најубаво, посебно кога е со најблиските.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
А сега со приновата во куќата ќе му биде уште поубаво, па повеќе од сигурни сме дека одвај чека да ја заврши турнејата и да се врати дома.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Но тој во Австралија има настапи речиси до крајот на ноември, а оваа турнеја дефинитивно нема никогаш да ја заборави.