Еве како изгледа жената што му го украде срцето на градоначалникот на Кисела Вода (фото)
Убава причина за славење имаше во домот на градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Ѓоргиевски напиша емотивна порака посветена за неговата сакана и сподели нивна заедничка фотографија.
Орце Ѓоргиевски е актуелен градоначалник на скопската општина Кисела Вода, а на таа должност стапил во 2021 година по победата на локалните избори уште во првиот круг.

Роден е во Скопје, а дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I”, оддел за политички студии.
Приватно е максимално посветен на семејството и се труди да ги негува вистинските и правилни вредности, а така и да го воспитува неговиот син.

Орце е семеен човек кој веќе 13 години е во брак со неговата Мартина, а плод на нивната љубов е малиотн Ведран.
Израснат е во религиозно семејство и токму врбата во Бога го има изградено како личност. Важиу за хуман човек кој од срце сака секому да помогне.

И покрај многу работни обврски Орце се труди секој слободен момент да гом помине со семејството.
Најголема поддршка му е неговата Мартина, која често и на социјалните мрежи постојано го бодри.

Што се однесува до неговата кариера, токму неговата сопруга му е најголема помош, но исто така знае да му биде најголем критичар.
Орце и Мартина прославија 13 години брак, па по тој повод политичарот ја покажа својата нежна страна и ѝ напиша емотивна порака.

ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Инстаграм / Орце Ѓоргиевски