Цаци ова никогаш нема да му го заборави на сопругот – погледнете како новинарот ја изненади саканата
Еве како изгледа денес сопругот на една од најпознатите македонски водителки што сите ја сакаат
Во брак со колега…
Водителката Славица Арсова, која пријателите и колегите нагалено ја викаат Цаци, е добро познато лице од нашите мали екрани.
Таа веќе долги години е заштитно лице на информативната програма на еден од најгледаните медиуми во Македонија, а публиката ја засака уште од првиот ден кога се појави на телевизија.
Но денес малкумина се сеќаваат дека и нејзиниот сопруг работи во истата телевизија и покрај тоа што моментот кога тој ја запроси зборуваа сите и беше нешто досега невидено во нашите медиуми.
Фото: Фејсбук/ Александар Спасовски
Станува збор за новинарот Александар Спасовски кој својата сакана ја запроси сред главните вести на телевизија Сител.
Фото: Фејсбук/ Александар Спасовски
Имено, Александар ја запроси Цаци и тоа пред гледачите на најгледаниот централен дневник во тоа време.
Ова видео се уште е хит на интернет, а како изгледаше моментот кога сопругот на Цаци го извади прстенот и ја праша својата колешка дали ќе се омаѓи за него, потсетете се во продолжение.
Фото: Фејсбук/ Александар Спасовски
Тие на вечна љубов се заколнаа во јануари 2012 година, а круна на нивната љубов е ќерката Мила која многу личи на мама.
Фото: Фејсбук/ Александар Спасовски
Славица на социјалните мрежи знае одвреме-навреме да објави семејни фотографии и да покаже како ужива со најблиските, а деновиве на Фејсбук заедничка фотографија сподели и нејзиниот сопруг.
Како познатиот новинарски пар изгледа денес додека ужива заедно, но и како изгледаше моментот кога Цаци се согласи да му биде жена, погледнете во продолжение…