Еве како изгледа денес Нада, жената што Џеј Рамадановски ја сакаше до последниот момент – најубавите песни ги испеа за неа
Фановите од целиот регион се во тага откако се рашири веста дека Џеј Рамадановски го изгуби животот на 56 години.
Животот на пејачот на народна музика кој важеше за еден од најголемите боеми на музичката сцена на Балканот згасна во неговиот дом во Белград
Покрај своите песни Џеј често зборуваше и за својата поранешна сопруга Нада со која има две ќерки Ана и Марија.
Тоа дека таа беше љубовта на неговиот живот покажува и тетоважата со нејзиното име што ја има на раката, а пред медиумите многу пати во екот на животот беше потполн искрен и јавно и искажуваше благодарност што била со него и во неговите најлоши изданија во животот.
Нада никогаш не сакала јавно да се експонира, а на сите заради неговите најемотивни песни им е јасно каква жена била таа.
Колку пејачот ја сакал, иако беа резведени, зборува и тоа што во последните интервјуа популарниот пејач зборуваше само за неа.
„Колку и да лутав, секогаш доаѓав дома, се обидував да бидам совршен маж, но мислам ден-денес дека сум подобар поранешен сопруг, отколку што бев во бракот“, изјави Џеј неодамна во емисијата „Балканска улица“.
„Немам љубов. Понекогаш ќе ми недостига, но јас знам дека мојата поранешна сопруга Нада е нареден херој. Ми роди две деца, секоја чест и на другите жени што биле со мене, но Нада е Нада. Можам да најдам друга девојка, да ја заинтересирам, но што со тоа. По Нада имав само четири посериозно, но.. Живеев така, заработував, трошев“, раскажуваше пејачот во една пригода за својата сопруга.
Џеј и неговата сопруга Нада своевремено созреваа задно низ бракот и внимаваа еден на друг, па и по разводот останаа блиски и пријатели, посебно заради грижата за нивните наследнички. И една од ретките фотографии на Нада ја објави нејзината ќерка Марија.
„Мајко моја нека ти е среќен роденденот. Ти се заблагодарувам што ми го подари животот“, пишува таа во посветата.
Инаку, постарата ќерка на Џеј е омажена за Адил Максутовиќ, па досега неколку пати се појавуваше и на насловните страници, додека помладата ќерка на пејачот, Марија, ретко имаме прилика да ја видиме во јавноста.
Марија го наследила талентот за пеење од својот татко, што до скоро беше семејна тајна, но се уште не се знае дали и таа наскоро ќе се фати за микрофонот и ќе тргне по стапките на својот познат татко.
Да потсетиме, на Џеј му се слоши во неговиот стан во Белград, каде беше во изолација заради вирусот корона, па екипите на Брза помош набргу стигнаа на лице место и започнаа реанимација, но за жал и покрај напорите на докторите, пејачот не можеше да биде спасен.
Џеј пред три години имаше сложена операција на срцето во Виена и тогаш докторите му кажаа дека мора строго да внимава на исхраната и здравиот живот.
Во продолжение погледнете како изгледа и неговата ќерка Марија која го наследи талентот за пеење од својот татко и која од неодамна реши да тргне по неговите стапки. Таа е скромна и природно убава девојка, а Џеј се гордееше со неа, а во последно време имаа и неколку заеднички настапи.