Еве како изгледа денес актерката која ја имаше улогата на „Пипи Долгиот Чорап“
Пипи Долгиот Чорап е најпознат измислен лик на шведската писателка Астрид Линдгрен.
Книгите за Пипи Долгиот Чорап преведени се на 92 разни јазици. Пипи е необично девојче. Посебно во 40-тите години од минатиот век, кога биле издадени книгите, била доживувана како контроверзна. Таа е најсилно девојче во светот, има пеги и црвени плетенки кои стојат во вис, противејќи се на возрасните и е невоспитана.
Живее без родители во куќа наречена Вила Вилекула, заедно со својот пегав коњ Лила губен и мајмунот Господин Нилсон. Нејзината мајка е на небото, таткото Ефраим Лангструмп е крал на црнците на островот Курекуредутон во јужното море, а таа има вреќа полна со златници.Поминаа 50 години од прикажувањето на „Пипи Долгиот Чорап“. Ретко кој од нас не го памети ова необично девојче црвенокосо девојче.
Улогата на Пипи во популарната ТВ серија и филмовите ја толкуваше шведската актерка Ингер Нилсон. Имаше само 9 години кога ги снимаше епизодите и филмовите за „Пипи Долгиот Чорап“, а 10 кога тие беа прикажувани на ТВ екраните.Таа денес има 60-години актерка работи како секретарка во Стокхолм и одвреме-навреме прифаќа помали филмски и театарски улоги.