Ненад Маринковиќ Гастоз (27) во еден клуб во Куманово предизвика инцидент кој заврши лошо за него
Како што пишуваа медиумите, тој ги провоцирал гостите во локалот и не се смирил кога го предупредиле, па добил неколку удари во пределот на лицето. Потоа завршил во болница каде му ја сошиле раната, а како што пренесуваат регионалните медиуми, не можел да стои на нозете.
Тој по инцидентот сподели и слика и напиша:
Дали сакаш мажи со рана на горниот ден од усната и сини очи?
Не е познато кому Гастоз ја испрати оваа порака.
Инаку како што објавија српски медиуми, според нивни извори, Гастоз во локалот испровоцирал еден боксер. Нему му пукнал филмот, па два пати го удрил во пределот на лицето, по што Гастоз како трупец паднал на земјата. Не можел сам да стане, па му помогнале да застане на нозете, а потоа го однеле во болница каде му ја сошиле раната. Тој самиот бил виновен за инцидентот.