Еве како изгледа бремената сопруга на Ѓоко Јовиќ – брои ситно до ПОРОДУВАЊЕТО, а пејачот не крие колку е среќен
Сопругата на еден од најбараните македонски фолк пејачи брои ситно до породување.
Некаде во мај најбараниот македонски пејач Ѓоко Јовиќ објави дека очекува четврто дете, а сега неговата поубава половина, Ивана позираше заедно со него и го покажа трудничко стомаче.
Јовиќ е татко на три деца, а наскоро неговото семејство ќе се прошири, тој и неговата сопруга ќе имаат уште едно дете.
Деновиве пејачот објави неколку фотографии со своето семејство, а Ивана изгледа преубаво со оглед на тоа дека е во поодмината бременост и брои ситно до породувањето.
Сите заедно најверојатно на некоја семејна прослава позираа заедно, скоцкани од глава до пети, а сите погледи беа вперени кон неговата сопруга.
Фановите во коментари го фалеа нејзиниот изглед, а еден од коментарите вели:
„Жена, мајка кралица“.
Облечена во преубав долг фустан Ѓоко и Ивана објавија заедничка фотографија, а фолкерот напиша: „Мојата поубава половина“.
Гледајќи ги фотографиите мора да се согласиме дека Ивана изгледа совршено.
Ѓоко важи за посветен сопруг и татко и често објавува фотографии од неговото семејство, за кое вели дека е негово најголемо богатство.
Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга се горди родители на 3 деца, Теодора, Михаил и Јоан.
Неодамна со својата публика соопштија дека очекуваат принова, па го открија и полот на бебето.
Тој на својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и соопшти дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана ќе биде момче.
Имено тие направија мала забава за откривање на полот со балон кој заедно со неговата сопруга Ивана го пукнаа а од него излетаа сини конфети.
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук
Фото: Ѓоко Јовиќ/ Фејсбук