Еве како изгледа Анета Молика по разводот од Џими – ПЕЈАЧКАТА ОТКРИ и со кого се забавува сега
Еве како навистина изгледа Анета, без шминка, фотошоп и сиот оној блескав гламур
Анета Љумаковска позната и како Анета Молика на социјалните мрежи објави фотографија каква нејзините колешки ретко објавуваат.
Имено, Анета е една од ретките познати дами кои немаат проблем да покажат како изгледаат и кога не се целосно средени.
Јавноста е навикната своите омилени пејачки најчесто да ги гледа дотерани и целосно средени за најразлични случувања и концерти, па навистина се ретки оние моменти во кои можеме да ги видиме во домашна издание или во некоја опуштена атмосфера додека ужива со семејството или блиските пријатели.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Но токму еден таков момент Анета самата сподели на својот профил на Инстаграм и ги воодушеви своите бројни фанови.
И додека пред камерите и на нејзините настапи секогаш блеска со беспрекорна шминка на лицето и облечена во елегантни изданија, во кои често изгледа гламурозно, пејачката гордо и самоуверено позира и кога е во потполно природно издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа на фотографијата што деновиве „исплива“ позираше само со очила за сонце на лицето и облечена во опуштена розова маичка со копчиња. Фотографијата е направена додека пие кафе со една пријателка, па така пејачката откри и како го минува слободното време и како се забавува, по разводот од нејзиниот поранешен сопруг.
Но оваа фотографија буквално ги воодушеви сите и токму затоа што Анета е во едно вакво потполно опуштено издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И секако дека ова не и е прв пат, што само укажува на тоа дека пејачката е свесна дека жената изгледа моќно и во едно вакво издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И дека е една од оние познати дами на кои сите им се восхитуваме токму затоа што немаат проблем да го покажат своето „вистинско лице“.
Таа и покрај тоа што поминува низ турбулентен период од животот, на нејзиното лице не можеме тоа да го забележиме. И кога е без „full make-up“ и без дополнителен гламур и фенси облека, едноставно блеска и изгледа како и секоја жена, убава на свој посебен начин.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Анета покажа дека нема комплекси и дека е една од ретките ѕвезди на кои не им е проблем да се покажат и во вакво светло.
А тоа дека подеднакво занесно изгледа и кога е природна без шминка и Фотошоп, се согласуваат и нејзините фанови што може лесно да се заклучи од коментарите под секоја нејзина фотографија.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Па, големо БРАВО за овој нејзин манир…
А сега погледнете како изгледа оваа прекрасна дама и кога е средена од глава до пети, со шминка и сите останати детали…