Поминаа осум години откако прв пат застанаа на лудиот камен
Шармантната водителка Јована Јоксимовиќ и пеачот Жељко Јоксимовиќ деновиве прославија осум години брак.
Поминаа осум години од нивниот заеднички живот, а водителката на својот Инстаграм објави досега невидена фотографија.
Таа со стара заедничка фотографијата сакаше да сподели со фановите дека прославуваат годишнина од бракот.
„Осум години од нашето прво венчање, како да беше вчера. Те сакам“, напиша Јована во описот на фотографијата.
Фотографијата веднаш собра голем број лајкови и коментари. Нивните фанови во главно им ја честитаа годишнината и им посакаа среќа во бракот.
Инаку, парот најпрво се венчаше на Малдивите во 2012 година, а две години подоцна и во црква, кога направија и голема гламурозна забава. Тие имаат три деца, а Жељко има и ќерка од првиот брак.
Инаку, парот најпрво се венчаше на Малдивите во 2012 година, а две години подоцна и во црква, кога направија и голема гламурозна забава. Тие имаат три деца, а Жељко ја има и ќерката Мина Јоксимовиќ, од првиот брак.