Еве како изгледаше Јелена од Драчево кога рипна во тавче – свадбени фотографии со кои актерката го сруши Инстаграм!
Еве како шармантната Јелена од Драчево изгледаше на денот на својата свадба
Јелена Јованова ги освои симпатиите со својот извонреден талент. Нашата публика ја обожава посебно заради нејзината генијална улога на рецепционерката Јелена од Драчево во хит серијата „Преспав“, додека со улогата на Марина Франиќ во хрватската серија „Тајни“ таа стана позната и на целиот Балкан. Таа за време на снимањето на оваа серија се запозна со својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого и се омажи во ноември 2015 година, а порталот Вистина деновиве се потсети и сподели досега невидени фотографии од најубавиот и највеселиот ден во нејзиниот живот.
Првите фотографии од свадбата Јелена ги објави две години по свеченоста кога за прв пат покажа како изгледаше во венчаницата во полн сјај. Како што можете да видите, убавата актерка избра да носи креација која е тесна во горниот дел, со 3/4 ракави, со големи, волуменизирани карнери во долниот дел кој е со асиметричен крој. Она што секако е за пофалба е тоа што Јелена избра да носи фустан со потписот на една од нашите најдобри дизајнерки, Тања Кокев, а имаше и пократка варијанта со кој ги истакне нозете.
Среќни и заљубени
Судејќи според фотографиите, гостите убаво се забавувале на свадбата, а и младенците биле поприлично весели.
„Ни Стјепан ни јас не сме луѓе што се занимаваат со тужите живот. Не се криевме, бидејќи љубовта не е нешто што би го криела. Едноставно не сме луѓе што мислат дека тоа некому му е важно. Ние знаеме и тоа е доволно“, изјави своевремено Јелена за хрватските медиуми кога се дозна за нејзината тогаш се уште нова љубов. Од друга страна пак, и нејзиниот сопруг Стјепан, во една пригода, за хрватскиот „24 сата.хр“, откри како се чувствува како македонски зет и како знаел дека Јелена е вистинската жена за него.
Имав прилики да ја запознаам Македонија и прекрасните Македонци и пред да бидам со Јелена. Иако е тешко да се генерализира, но би го дале последното парче леб за гостите, отколку сами да го изедат“, изјави Стјепан.
Инаку, Јелена во последно време е поприлично активна и на Инстаграм, од фотографиите можеме да видиме дека популарната актерка за многу брзо време по породувањето повторно е во топ форма.
Имено, таа се породи во јуни оваа година кога на овој свет го донесе малиот Јаков, а како изгледа гордата мама денес, погледнете во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Мартин Трајановски, Магнетик)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Мартин Трајановски, Магнетик)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Мартин Трајановски, Магнетик)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Мартин Трајановски, Магнетик)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Преспав)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Преспав)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Преспав)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова (Преспав)
Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова