Еве како изгледаше пејачката Ребека како невеста – огромна торта и ВЕНЧАЛЕН ФУСТАН како од најубавите бајки (фото)
Поп пејачката Ребека на својот Фејсбук – профил објави фотографија во венчалниот фустан кога беше невеста, односно пред точно 11 години.
Поранешната поп пејачка Ребека во една пригода на социјалните мрежи објави како изгледаше како невеста.
Од нејзините фотографии можеме да се потсетиме како пејачката изгледала во преубавиот венчален фустан.
За неколку месеци Ребека ќе треба да прослави 15 години од овој посебен ден во нејзиниот живот.
За нејзината свадба пишуваа сите медиуми и таа со сопругот беа прогласени за двојка на годината.
Таа е во брак со докторот Мики Ристески со кого имаат три сина, Маркијан и близнаците Тадеј и Макавеј.
Таа и денес е мошне актуелна на социјалните мрежи, а периодов го сподели и своето искуство со вирусот корона.
Ребека и Мики се долги години во брак и заедно успешно ги надминуваат сите препреки кои им ги дава животот.
Плод на нивната љубов се нивните три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013.
Децата инсистирале на милениче и Ребека и Мики одлучиле да го збогатат семејството со уште еден член – кучето Раф.
Милан и Ребека освен околу семејството, имаат ангажмани и професионално. И двајцата имаат завидна кариера, а тоа бара многу труд и посветеност.
Сепак, мора да се признае дека одлично се снаоѓаат.
Тој во емисијата откри дека за жал не ѝ помага многу на Ребека околу домашните обврски, но јавно вети дека ќе се потруди повеќе да ѝ помага.
Интересно е тоа што тој пред да ја запознае во дискотека, не ни знаел дека Ребека постои, иако во тој период таа важеше за најголемиот симбол на женственоста во земјава и имаше успешна музичка кариера.
Мики раскажа и дека пред бракот имале бурна врска:
„Жена ми многу ми раскинуваше. Еднаш 9 месеци, па еднаш 6 месеци, па три пати по 2 месеци, па 5 пати по месец, па 10 пати по 15 дена. Многу бев тажен“, кажа докторот неодамна во емисијата „Опуштено“.
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Фото: Принтскрин