Еве како изгледаше летувањето во поранешна Југославија – има фотографии и од едно заборавено место во Македонија
Одмори во поранешна Југославија.
Како и за сè што е поврзано со поранешната држава, низ овој аспект се уште се шират приказни за „рај на земјата“, време кога сите живеевме во луксуз и најмалку седум дена во текот на летото, целото семејство ќе ги разладуваше нозете во некое одморалиште на Јадранот.
Се разбира, ситуацијата денес не е како порано, а одморот за целото семејство не е баш мачкина кашлица за просечниот џеб, пишува хрватскиот „Индекс“.
Интересно е да се спомене дека и идејата за летниот хедонизам не беше толку присутна се до 60-тите, кога владата го мотивираше работниот свет да се активира малку, да се одмори и да го помине на Јадранот.
И додека најпознатите дестинации остануваа недопирливи за нас, локалните дестинации во 1960-тите години започнаа да се претставува преку споредби со Кан, Сен Тропе и Монте Карло. Па така додека дел од младите за време на летните одмори одеа на младински акции, државата ги испраќаше и децата на посиромашните родители на море.
А оние шт ќе останеа дома, ќе му се радуваа на бисерот во Сарај – езерото Треска.
Езерото Треска
Езерото било дестинација за релаксирање за скопјани цели 20 години, сé до ’98-ма, кога е затворено за капачи поради загаденоста на водата.
Езерото се протегаше на површина од 136.000 м2, длабоко беше од 1.6 до 3 м и имаше капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје, и свечено отворен од Јосип Броз Тито лично.