Реклама
Вирално

Еве како изгледаше куќата во која малата Моника беше заробена – расфрлани тенџериња, отпадоци и жилети на сите страни

Реклама

Моника се наоѓа во болницата во Ниш

Тенџере кое на Моника и служело како нокшир, жилети, јоргани, отпадоци од храна – сето ова може да се види во куќата каде Нинослав Јовановиќ попознат како Малчанскиот бербер ја држел Моника Каримановиќ.

Маркетинг

Тие на ова место престојувале неколку дена, а најверојатно малата Моника ретко излегувала надвор за да не ја види некој

„Ние тука седиме преку лето, а сега случајно дојдовме. Кога го видовме детето и Нинослав се заледивме од страв“, раскажува Емил Живиќ чија е куќата во селото Пасјача во која беше пронајдено дванаесетгодишната Моника.

Маркетинг
Креветот во кој спиела Моника (Курир.рс)

Куќата беше заклучена раскажува тој и на новинарите им ја покажа внатрешноста од куќата во која престојуваше девојчето во изминативе неколку дена. Тој покажа дека берберот ја извадил сијалицата за да не ги забележи некој, но и дека ја користел греалката за да не смрзнат.

„Еве и перницата на која што спиел, свртена кон запад. Тоа никогаш не се прави! Тоа ќе му излезе низ носот, се знае дека тоа не е за живите“, вели тој.

Фото: Курир.рс

Тој покажа дека сите работи се превртени и дека нешто барал, но не знае што.

Девојчето е во болница во Ниш, а осомничениот Нинослав се уште е во бегство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button