Еве како изгледаше Добрила од Дојран на својот 94-ти роденден, но и во МЛАДОСТА – пејачката зaплака кога го виде изненадувањето!
Многумина ја нарекуваат баба змеј, жената која никогаш не пиела лекови и која со својот начин на живот и во десетата деценија докажува дека годините се само број.
Жената која зад себе има завидна кариера и како пејачка и како актерка наполни 94 години.
Но, годините за неа се само број.
Таа како штотуку да започнува да работи на својата кариера, максимално се вложува себеси.
Таа е доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник. Родена е на 1 февруари 1928 година во Бариќ кај Голубац во близина на Пожаревац, Р. Србија.
Во МНТ се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна актерска кариера остварила 29 улоги.
Била омажена со Миленко Чабриќ со кого го има еден син, кој за жал повеќе не е меѓу живите.
Јавноста имаше можност и да ја гледа како дел од регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ пред 4 години и на кое извојува победа.
Добрила е пример и за помладите и за постарите. Таа ни покажува на сите како всушност треба да се живее.
Неодамна доживеа и сообраќајна несреќа откако со возилото излета од патот, но тоа воопшто не ја спречи и понатаму да живее со полн здив.
-Животот е еден и треба да се проживее и да се слави од ден во ден без никаква причина. Не се откажувам од дружбата, од пријателите, музиката ни животот. Секој ден ми е нов ден во кој можам многу работи да направам – изјави Добрила за „Гранд онлајн“ и додаде дека одамна донела одлука дека ќе ужива со полна здив и дека секој ден ќе го слави како да е посебен.
Сите ги воодушеви со признанието дека никогаш не се жали, како и дека понатаму вози автомобил и посетува казина.
Зрачи со позитивна енергија, а од неа помладите имаат многу да учат. Мора да се признае дека изгледа неверојатно за свои години.
Таа месецов го прлслави својот 94 роденден.
Имено, нејзин голем обожавател од Скопје, Тони Димевски, кој е роден во ист ден со Добрила ѝ приредил изненадување и заедничка прослава за роденденот.
Честитки доби и на социјалните мрежи.
И покрај се, таа продолжува напорно да работи, но и да ужива во животот.
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ