Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледаше Гранде Пандев на почетокот од својата кариера – фотографија од пред 20 години е хит на социјалните мрежи

Реклама

Пандев тогаш имаше само 18 години

Македонската легенда Горан Пандев важи за еден од најдобрите фудбалери родени под македонското небо.

Маркетинг

Капитенот на македонската репрезентација својата интернационална кариера ја започна пред 20 години, односно поточно во летото 2001. Тогаш Пандев кој фудбалската кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, на само 18 години беше продаден на Интер од Милано.

Гранде Пандев, како што денес многумина го нарекуваат, тогаш беше продаден за сума од 250.000 евра.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Just Football

По неколку години, односно на 15 април 2006 година, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во својата кариера постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.

Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварува во 2009 година, кога го освојува Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој е најдобар стрелец во ова натпреварување. За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигнува 48 голови.

Гранде Пандев досега има носено дресови на вкупно осум фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова.

По долги години игра за најдобрите италијански клубови, на 25 февруари 2019, на Пандев конечно му е издадено италијанско државјанство.

Инаку, Пандев сега е во друштво со Џузепе Меаца, Франческо Тоти, Роберто Баџо, Деј Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Лука Тони, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андреј Шевченко и многу други.

Имено, тој неодамна со голот број 100 во Серија А се запиша во листата на најсилниот италијански шампионат.

Тогаш на ваквиот успех никој не остана рамнодушен, па ни матичниот клуб Џенова кој направи видео од 12 минути со сите 100 голови на Пандев, а со овој потег тој стана првиот Македонец кој стигнал до 100 гола во некое од најсилните фудбалски првенства на светот.

Покрај успешната кариера тој е оженет со Надица со која има три деца, Филипо, Ана и Софија за кои, како што самиот вели, се неговата најголема поддршка.

Фото: Принтскрин

Фото: Фејсбук

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Фото: Инстаграм/ Горан Пандев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button