Еве како изгледаше Гавазова на својата свадба – НЕВЕСТАТА БЛЕСКА како принцеза, сопругот принц од бајките!
Пејачката оваа година прослави 10 години брак...
Најубавиот ден во животот на пејачката
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова оваа година прослави 10 години брак со својот избраник Јасмин Курузовиќ.
Имено, нашата фолк-дива пред една деценија го изговори судбоносното „да“ и му се заколна на вечна љубов на нејзиниот сакан сопруг Јасмин со кого има две ќерки, Емили и Селена.
Тие на лудиот камен застанаа во февруари 2014 година, кога Гавазова веќе беше во поодмината бременост, а по неколку недели, односно во април се роди и нивната прва ќерка која годинава наполно 10 години. Неколку месеци подоцна, Гавазова откри дека повторно е бремена, па веќе следната година стигна и помалата сестричка на Емили, Селена, која за наскоро ќе го прослави својот деветти роденден.
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
„Нема зборови со кои можам да искажам што ти посакувам. Верувај во вистината, уживај во среќата, бори се и сакај го животот. Среќен 8. роденден ќерко наша, Селена ѕвездо најсветла, да си ми жива и здрава и од Бога благословена. Те сакаме јас тато и Емили“, напиша пејачката пред речиси точно една година, кога објави и неколку фотографии од прославата на роденденот на Селена.
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Инаку, на профилот на Сузана на социјалните мрежи се уште стојат и фотографиите од нејзината свадба на која пејачката ги потсети своите верни фанови кога пред неколку месеци ја прослави 10-годишнината од бракот и со кои ги воодушеви сите.
Од овие фотографии можеме да видиме како пејачката блескаше во венчаница и некои детали од овој свечен момент.
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Гавазова носеше класична бела венчаница во која изгледаше како принцеза, додека косата и беше врзана во пунџа.
Инаку, Гавазова денес на социјалните мрежи ја следат илјадници фанови кои секојдневно ги известува од најразлични случувања од животот, па неретко објавува фотографии и од своето секојдневие.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но што и да објави познатата пејачка секогаш предизвикува реакции и коментари, а во една пригода за Гламур магазин откри и некои непознати детали за нејзиниот брак.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа тогаш зборуваше отворено за семејниот живот, но не заборави да истакне дека има максимална поддршка од сопругот, за кого вели дека има потполно разбирање за нејзината работа.
„Мојот сопруг многу ми помага околу домашните обврски. Тој е грижлив и добар и едноставно сум среќна што токму тој е татко на моите деца“, изјави тогаш пејачката додавајќи дека е најсреќна токму во моментите кога е со своите најмили и кога сите тие заедно уживаат, но и кога е на сцената и кога ги гледа луѓето како се веселат на нејзините песни.
Што сé друго ни откри тогаш Гавазова, ѕирнете тука…