Еве како изгледаше Владо Јаневски во најдобрите денови – „исплива“ фотографија од неговата младост, ќе се воодушевите!
Владо Јаневски веќе со децении е еден од најдобрите и најпознатите пејачи во нашата земја.
Тој на 22.02.2022 година, во 12.02 часот, премиерно ја емитуваше неговата најнова песна „Ненормален“.
Песната која што премиерно беше емитувана на популарното македонско радио „Бубамара“ претставува најава за неговиот нов албум кој треба да се појави во текот на следниот месец во издание на Кроација рекордс.
Песната е љубовна балада, снимана во Скопје и во Загреб, во аранжман на Никша Братош и Валентино Скендеровски. Целокупниот материјал на новиот албум е работен на релација Скопје-Загреб и го носи препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо, но со нов, модерен призвук.
https://www.instagram.com/p/BiE4Th7lQAa/
Инаку, Владо повеќе од четири децении е присутен на македонската музичка сцена. Неговиот прв албум Парче душа излегува во 1993 година и на него се наоѓаат некои од неговите песни кои и ден-денес се хитови.
Владо својата музичка кариера ја започна во 1979 година, во бендот „Тост сендвич“, а од 1986 до 1989 година настапува со бендовите „Бон Тон“ и „Фотомодел“.
Во 1992 година го напушта популарниот бенд „Ластовица“ и започнува соло кариера, а истата година настапи и на Југовизија, тогашниот натпревар во рамките на Југославија за настап на Евровизија.
https://www.instagram.com/p/CVD3n6VMXHU/
Како тој изгледаше во минатото, на почетокот од својата кариера, погледнете во продолжение.
Насловна на Екран од 1996 година
Владо Јаневски со манекенката Ана Сасо (Мис Југославија) во бекстејџот на Макфест, во 1986
Фотографија од пред 40 години, кога Владо Јаневски бил војник во Мостар
Погледнете ги и останатите фотографии:
Фото: Инстаграм/ Владо Јаневски
Фото: Инстаграм/ Владо Јаневски
https://www.instagram.com/p/CPs5f2vLPAU/
https://www.instagram.com/p/CYXxJjSIoWB/
https://www.instagram.com/p/CAnK5BVnRZC/
https://www.instagram.com/p/B9od6LLnIRE/
https://www.instagram.com/p/BmrrtLuBP_5/
https://www.instagram.com/p/BiE4Th7lQAa/