Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледал Ферус во младоста, со коса и без брада, и кој му е НАЈГОЛЕМИОТ бакшиш што го добил за една вечер

Реклама

Ваков не сте можеле ни да го замислите кралот Ферус

Фото: Принтскрин/ Сенатор

Ферус Мустафов, кралот на саксофоните, многумина не паметат како изгледал на почетокот од кариерата.

Многумина во вакво издание не би ги ни препознале, иако Ферус и тогаш има брада која со годините ќе стане неговиот заштитен знак. Што се однесува до неговиот имиџ, тој речиси и да е непроменет, а придавката кралот ја добил кога во Лондон го снимил првото ЦД со чочеци. Прекарот ќе му го дадат колегите Англичани со кои соработувал тогаш, кои први ќе го наречат Ферус Кралот.

Маркетинг

Инаку, Ферус знае да свири 13 инструменти, а прв инструмент не му е саксофонот, туку виолината. Роден е во Штип, каде учел музичко училиште, а татко му е првиот во Македонија кој саксофонот го внесува во народната музика.

Фото: Принтскрин

Како што самиот вели во една пригода, штипскиот чочек е дело на неговиот татко, а тој од него ќе го засака саксофонот и ќе продолжи по неговите стапки.

Маркетинг

Што се однесува до заработувачката од музиката, тој во едно негово интервју за порталот „Точка“ откри дека најголемиот бакшиш што некогаш го заработил во животот бил на еден настан во Франција, каде настапувала цела српска естрада, кога заработил 180.000 евра за само една вечер.

Фото: Принтскрин

Инаку, кралот Ферус неодамна се осврна и на состојбата во која се наоѓаат музичарите заради ситуацијата со вирусот корона, па во интервју за порталот ММС тој изјави дека е крајно разочаран од ваквата ситуација и дека малку фали да донесе одлука да се исели од државата ако продолжи вака.

Приватна архива

„Не знам зошто не дозволат да свириме? Не е убаво да одобрат да работат угостителските објекти, а музиката не. Па не сме ние 10 души музичари па лесно да е, не има многу што живееме само од музика и за нас ова е погубно. Светот сум го прошетал со концерти и турнеи. Сум настапувал на многу светски фестивали и со гордост сум ја преставувал Македонија. А гледај како сега таа ми враќа“, изјави Ферус пред неколку месеци во интервјуто за споменатиот портал.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Приватна архива
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Ферус Мустафов
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button