Еве како изгледал Спасен Сиљаноски на почетокот од кариерата – стари фотографии со кои пејачот ги изненади своите фанови
И покрај тоа што денес е еден од најдобрите, но и пејач кој има е доста професионално ангажиран, сепак ја задржа скромноста и човечноста и претставува пример за многу познати личности кои дозволија славата да ги промени.
Спасен Сиљаноски долги години опстојува на макединската музичка сцена, а зад себе може да се пофали си богата кариера, многу настапи и концерти во Македонија, но и во дијаспората.
Народот го сака и бара, а сега после Ковид периодот пејачот има закажно настапи месеци однапред.
Веќе на социјалните мрежи почна да споделува и фотографии, на кои се гледа дека сезоната на свадби и веселби започна, па пејачот го чека работно лето.
На една фотографија која тој ја сподели на Фејсбук се гледа Спасен кој пее за жителите во село Дукатино, а две момчиња го држат во раце.
„Најубаво е чувството кога си сакан, но за да бидеш сакан треба да сакаш…Да сакаш искрено од срце…
Благодарам за прекрасниот пречек на сите жители од с. Дукатино…. Да сте ми здрави и живи”, стои во опис на фотографиите.
Пејачот сепак успева да одвои време и за малку одмор, па заедно со својот пријател и колега уживаа на базен.
Активен е и на социјалните мрежи, каде без влакна на јазикот ги коментира актуелните ситуации во земјава, но и меѓучовечките односи и неморалот кои владеат меѓу луѓето.
Пејачот се труди секогаш да промовира вистински морални вредности и љубов кон семејството, но и татковината.
Бес и револт кај него предизвикаа луѓето кои на своите веселби бараат да се пее повеќе српска музика отколку македонски.
Ова е сосема еприфатливо за пејачот и јавно ги искритикува.
Љубовта кон семејството за него е на прво место.
Неговата сопруга и децата се најголемото богатство кое го поседува, а најмногу ужива во семејните собиранки.
Често и на социјалните мрежи споделува фотографии од семејните дружби со цел да покаже како треба да функционира едно семејство.
„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна.
Секогаш на нашите седенки објавувам во живо за да се пофалам кое е моето богатство и како треба да изгледа едно хармонично, традиционално македонско семејство“, раскажа пејачот.
Пејачот е голем вљубеник во спортот.
Преку објавите на неговите друштвени мрежи можевме да ја забележиме и неговата трансформација во физичкиот изглед, како резултат од редовниот тренинг.
Со својот мотор често оди на интересни дестинации, каде како што вели ги полни своите батерии.
„Јас цел живот се занимавам со спорт. Имаше и период кога тоа беше професионално. Работев во униформа во Армијата на Македонија. Екстремно се занимавав со спорт. Сега не можам тоа да го правам, поради мојата сообраќајка, мојата операција не сум во можност толку да пешачам во планините, а таму го наоѓам мојот духовен мир. Поради тоа возам велосипед или одам со мотор на високите места каде сакам да истражувам, па доаѓам до недопрена природа. Се враќам дома како да сум испил 30 дијазепами. Бог е природата, доколку се соживееме и ја почитуваме, таа ни возвраќа на еден посебен начин“, изјави Спасен во едно телевизиско интервју.
Но, не изгледаше отсекогаш вака.
Спасен многу се промени
Иако и на почетокот на неговата кариера изгледаше одлично, сепак ги нема оние мускули кои го красат денес.
Погледнете како изгледал некогаш: