Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледал Димитар Апасиев во младоста – испливаа невидени фотографии, овие работи за него никој не ги знаеше

Реклама

Актуелниот политичар откри работи од неговиот приватен живот кои досега никој не ги знаеше.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Доктор на правни науки, докторирал како првенец на повеќе генерации на правниот факултет. Актуелен пратеник и професор.

Димитар Апасиев е роден во 1983 година во Титов Велес каде завршил и средно образование.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

„Девица сум во хороскоп, во септември ми е роденден. Сите што ме познаваат велат дека имаат педантерски манири типични за Девица, инаку не верувам во хороскоп.
Живеев блиску до автобуската станица во Велес и во Скопје почесто патував со автобус. Завршив општа гимназија, тоа беше една од најдобрите гимназии во тоа време. Спомените ми се убави. Антиспортиста сум реално, но сум спортувал. Сега не спортувам многу, натпревари појма немам. Ливче и кладилница не знам како изгледаат. Во младоста не сум спортувал, сум бил извидник многу долго време, десетина години и повеќе“, раскажа лидерот на Ливеца во емисијата Магазин на Сител телевизија и откри работи од средноколскиот период кои многумина ги зачудија.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

„Не си бев на матурската, не се сликав за табло.
Исто и на Правен, ми дадоа некоја награда, не отидов да си ја земам. Тоа е веројатно начин на живот, некој цинизам кој го негувам и во политиката е добро, затоа што ме држи надвор од коорупција. Затоа што во политика те корумпират баш на такви балови, примеи, свечености и ти мислиш дека си некоја елита, па ќе те викне претседателот, па ќе те викне премиерот, па на коктел, после ствараш врски. Е, не, јас сум „куча-посао“, Собрание, дома, партија, толку. И не може тука да ти влезат на таков штос и тоа ми е добар одбранбен механизам и како карактер си го негувам“, кажа политичарот.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Она што тој го пропагира кај помладите е учењето и едукацијата. Лично тој бил привенец на генерација во средно, а и на факултет, а завршил без ниту еден преполаган испит

„Едукацијата ме извади од сиромаштија и до ден денес тоа го пропагирам на младите. Само преку образоание можеш да просперираш, инаку ќе те поклопат со ваков систем корумпиран ти не можеш да просперираш“, кажа Апасиев.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Вели дека се што стекнал во животот го стекнал сам. После долги години живеење како потстанар во Скопје, сфатил дека парите за станарина кои ги давале заедно со сестра му толку долго време, би можеле да послужат за купување на една гарсоњера.

Маркетинг

Токму затоа откако се вработил одлучил да земе кредит за да си го купи станот во кој сега живее со семејството.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Како и секој политичар, па и јавна личност, и тој добива закани по живот, но се уште вели дека не му потребно обезбедување со него.

Живее скромно заедно со сопругата и детето и двајцата се единствените личности кои се грижат за домот, без ничија помош од надвор.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

„Кај нас дома нема влезено чистачка и бејбиситерка. Со децата ни помагаат бабите, а со чистење сами. Јас се работам по дома, си правиме поделба на трудот, на пример јас ја местам машината за садови, фрлам ѓубре, плаќам сметки, пазарувам, знам да фатам и правосмукалка, имам голема библиотека и таа фаќа прашина многу и знам и да избришам“, откри Апасиев, но истакна дека пегалњето им е слаба страна.

„Ние ретко фаќаме пегла, мајката на сопругата вели дека ние сме најизгужваните професори“, се пошегува тој.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Препознатлив е по класичниот стил на облекување, на сите важни настани и на работа оди облечен целосно во црно, иако како што откри, во својот дом има облека и во друга боја. Слуша различна музика, а како растел и созревал така му се менувал и вкусот за музиката.

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил може да се забележи дека неговиот стил на облекување се менувал со текот на години, а како изгледал како помлад погледнете во продолжение:

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

Фото: Фејсбук / Димитар Апасиев

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button