Еве како изгледала убавата водителка од „Ѕвездите на Гранд“ со труднички стомак и во венчаница – за жал, бракот не траеше долго!

Познатата водителка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, со својата убавина плени каде и да се појави.

Таа важи за една од најубавите српски водителки, а на сцената не ретко се случува со својот шарм да им го украде шоуто и на големите ѕвезди. Но и покрај преголемата популарност што ја доби како водителка во Гранд, таа не сака премногу да се експонира, а тоа се однесува и за нејзиниот приватен живот кој се обидува да го држи далеку од очите ја јавноста.
Таа е во среќен брак со Немања Живојиновиќ со кого го има синот Страхиња, а претходно имаше уште еден брак.
Водителката пред повеќе од една деценија беше во брак со еден од членовите на обезбедувањето на Жељко Митровиќ.

Кужет од овој брак со Зоран Пипер го доби синот Андрија, а како што пренесува „Објектив.рс“, шармантната водителка на својата прва венчавка изгледала како вистинска принцеза. Свадбата била во познатиот хотел Интерконтинентал, а кума им беше балканската легенда Лепа Брена.
Водителката на својата прва венчавка беше во блажена состојба и со својата препознатлива насмевка блескаше во венчаницата.
Но по само година дена заеднички живот Сања и Зоран ќе се разделат, а во каков однос се сега, неодамна откри водителката:
„Се дружевме две години, а потоа и се вљубивме, па се венчавме, добивме дете, се разведовме, но и понатаму останавме во истата форма… Зоран и јас по година дена брак убаво, човечки се разделивме. Можеби тоа на некој ќе му изгледа смешно, но кај нас се убаво функционира, само што не сме во заедница. Андрија и тој се гледаат, имаат нормален контакт, ние мораме да комуницираме заради детето и сакаме комуникацијата да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета“, изјави тогаш Кужет.
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
Фото: Принтскрин/ Сања Кужет
