Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледаа последните денови на Неда Арнериќ

Реклама

„Неостварените желби ќе ги исполнам во некој следен живот“

Телото на Неда Арнериќ беше пронајдено во нејзиниот стан

Маркетинг

Медиумите пренесуваат дел од нејзините последни изјави, од кои некои се стари само неколку недели.

Таа во декември за магазинот „Hello“ раскажа дека сите свои желби ќе ги исполни во некој друг живот

Маркетинг

„Сонував да се искачам на Хималаите, да се занимавам со алпинизам. Цел живот сакав да скокам со падобран, но не ми се наместија коцките. Ме привлекуваа екстремните спортови, но тоа ќе остане за некој друг живот, изјави актерката при крајот на последниот месец од 2019.

А пред само неколку дена, Неда најави премиера на нешто што досега не го работела – претстава за деца.

„Почнав да работам, да спремам претстава за деца, нешто што досега го немам правено. Станува збор за голем проект кој воопшто не е лесен“, изјави познатата актерка непосредно пред несреќниот настан.

„Многу се затворив во себе, заради околностите што ми се случија, инаку не сум таква личност. Велат дека во Индија, во таа сиромаштија и беда, владее таква позитивна енергија па сите се добронамерни, полни со радоста на животот, отворени кон она што ги опкружува, кон своите сограѓани, сопатници, партнери. Одат да видам дали нешто од тоа ќе се накалеми на мене, и преостанатиот дел од животот да го поминам во поголем мир од оној што го имам сега“, изјави таа за политика пред да замине во Индија.

Неда е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац. Таа имаше богата актерска кариера. Во текот на филмската кариера реализираше голем број улоги како во југословенски, така и во копродукциски филмови.

Арнериќ уште од млада возраст посетувала часови по актерство и балет, а нејзината прва значајна улога ја добила на 13-годишна возраст кога глуми во филмот „Сон“ на режисерот Пуриша Ѓoрѓевиќ во 1966 година.

Следната година сними уште два филма, а се здоби со статус на ѕвезда во Југославија со ролјата во филмот „Вишња од Ташмајдан“ од 1968 година.

На 16-годишна возраст се запишала на Драмската академија во Белград, која никогаш нема да ја заврши. Подоцна, по барање на нејзините родители, се запишала на историјата на уметноста на Филозофскиот факултет. Глумеше во култните филмови „Сутјеска“,„Отпишаните“, „Госпоѓа министерка“.

Таа ја игра младата невеста и во култниот „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан (1980 г.).

Настапи и во македонските филмови „Истрел“, „Колнати сме, Ирина“ и во култниот „Исправи се Делфина“. За улогата во филмот „Исправи се, Делфина“, добитник е на Сребрена арена на Филмскиот фестивал во Пула во 1977 година, а наградена и со наградата „Царица Теодора“ во Ниш.

Инаку славната актерка помина повеќе од 35 години во хармоничен брак со Милорад Мештеровиќ.

Таа во текот на животот имаше три брака. Имено, таа беше во голема љубов и со режисерот Дејан Караклајиќ, но и со легендарниот актер Раде Марковиќ, со кого имаше 32 години возрасна разлика и тоа беше „забранета љубов“.

Неда Арнериќ неодамна настапи во Битола

Со театарската претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме” на 14 октомври минатата година Неда Арнериќ настапи и на големата сала на Центарот за култура во Битола. Меѓу бројната публика во Битола беше и македонскиот актер Диме Илиев, со кого пред 43 години настапија во филмот „Исправи се Делфина“. Тие по 20 години повторно се сретнаа во Центарот за култура во Битола.

Средбата на која Илиев ѝ подари цвеќе на Арнериќ публиката ја поздрави со долг аплауз.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button