Еве како изгледаа дамите во Југославија: Модата и трендовите од серијата „Подобар живот“, а кои се популарни и сега (фото)
Некои велат дојде животот, други пак – некогаш беше подобар. Па еве прилика да се вратиме малку на тоа друго, старо време и да видиме што беше модерно тогаш, а кое и денес повеќето дами го „фураат“.
Еве што беше модерно тогаш
Популарната серија „Подобар живот“ на многумина им го одбележаа овој период од животот, а некои од трендовите што ги „фураа“ актерките во серијата и ден денес се актуелни. Па така во неа можевме да ги видиме познатите актерки како носат карирани дезени, карнери, нагласени раменици, раскошни будни и елегантни дамски фустани кои беа во тренд при крајот на 80-тите кога се снимаше серијата, а од кои поголемиот дел се во мода и денес.
Покрај овие трендови кои можете да ги видите и во продолжение, во тоа време беше популарен уште еден кој и денес е присутен – во прашање се големите, впечатливи обетки кои актерките ги носат речиси во секоја сцена.