Еве како изгледаат фармерките со потписот на Софија Вергара – одлично и стојат на секоја жена
Сигурно и вие забележавте досега дека познатата колумбиска актерка има едно парче од кое речиси никогаш не излегува.
И не, тоа не се нејзините сандали на платформа, туку добрите стари фармерки. Да, познатата актерка во нејзините кежуал изданија не ретко можеме да ја видиме во фармерки. И тоа најчесто се „skinny“ модел со еластин, и искинати во пределот на бутот кои го привлекуваат вниманието и допринесуваат овој дел од женското тело да изгледа поубаво.
Задолжителен дел во овие нејзини комбинации се сандалите со висока предна платформа и опасни високи потпетици кои дополнително ги издолжуваат нејзините нозе.
Моделот што го креираше Вергара се истакнува со крој кој го подига задникот, па затоа овие фармерки можат да стојат убаво на секоја форма на женското тело.