Еве како изгледаат таткото и братот на еден од нашите најпознати пејачи – ова сите ги изненади
Татковци и синови, нераскинлива лоза.
Македонскиот крал на кафеаните ги покажа татко му и брат му.
Еден од најдобрите и најуспешни фолк-пејачи од помладата генерација е Ѓоко Јовиќ.
ФОТО: Фејсбук / Ѓоко Јовиќ
По потекло е од Валандово и секогаш со гордост зборува за своето детство и семејство.
Неговиот пат до успехот воопшто не бил лесен и сѐ постигнал со многу труд и работа.
ФОТО: Фејсбук / Ѓоко Јовиќ
Денес е еден од најдобрите кај нас, а воедно е посветен сопруг и грижлив татко.
Тој и неговата сакана Ивана се родители на 4 деца – ќерката Теодора и синовите Михаил, Јоан и Дарин се плод на нивната љубов.
ФОТО: Инстаграм / Ѓоко Јовиќ
Ѓоко потекнува од земјоделско семејство и во својата младост работел со тутун заедно со своите родители.
Честопати за медиумите има изјавено дека секогаш е подготвен повторно да го работи тоа и дека е горд на своето минато.
ФОТО: Фејсбук / Ѓоко Јовиќ
Како и многумина, така и тој, во потрага по подобар живот и нормална егзистенција одлучува да се пресели во главниот град, каде доживува целосен пресврт.
На своите социјални мрежи пејачот деновиве сподели фотографија на која позира зедно со својот брат, татко му и синот Михаил.
ФОТО: Фејсбук / Ѓоко Јовиќ
На истата може да се забеежи дека пејачот е копија на својот татко.
Во опис на фотографијата пејачот напиша само „Лоза“.