Еве како изгледаат сопругата, ќерката и синот на Дарио – многумина коментираат дека децата личат на него, што мислите вие?
Крвта не е вода!
Пејачот успеа да ги засмее сите со фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи.
Дарио Панковски е пејачот со чии песни се растени многу генерации во Македонија.
Скоро и не постои човек кој не знае барем еде негов хит.
Својата кариера ја започна далечната 1980 година како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон.
Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
Во 1996 групата била прогласена за најдобра на годината.
По спласнувањето на пандемијата Ковид 19, се отворија кафулињата и угостителските објекти, а Владата дозволи и групни собирања, односно свадби и семејни прослави и на отворен и во затворен простор.
Дарио започна со свирки, а неодамна настапуваше и пред битолската публика.
Но, таму не беше сам.
Друштво му правеа многу познати пејачи.
„Убава топла битолска вечер. За крај, заедничко финале со колегите: Хари Мата Хари, Сергеј Четковиќ и Ѓоко Таневски, Димитар Андоновски. Ви благодарам битолчани!“, напиша Дарио во опис на фотографија на која се гледа дека пејачите приредиле одлична атмосфера, а публиката уживала.
Тој сподели и фотографија од зад сцената.
Со една фотографија успеа да ја засмее публиката која го следи со години.
Тој е еден од највисоките, ако не и највисокиот пејач на македонската музичка сцена, но сега доби можност да биде дел „високо друштво“.
„Е ова е право “високо” друштво! Конечно да не бидам секогаш јас највисокиот на бина…за промена“, напиша Дарио во опис на фотографијата на која се гледа дека ја дели сцената со пејачите Хари Мата Хари и Сергеј Четковиќ.
Освен што го знаеме како исклучително професионален и енергичен на сцената, Дарио е фамилијарен човек кој секогаш ужива во друштво на свеото семејство.
Долги години е во брак со Бојана Панковска. Плод на нивната љубов се нивните две деца Бруно и Андреа.
Љубовната приказна на Дарио и Бојана е интересна затоа што таа воопшто не му обрнувала внимание и му било тешко да го освои нејзиното срце.
Бојана е инаку родена во Ниш, а во 80-те дошла во Скопје да студира.
Иако Дарио веќе бил популарен и можел да ја има секоја девојка, неговото срце сепак чукало само за Бојана.
Тие двајца се доста активни на социјалните мрежи, каде чесо споделуваат фотографии со своите деца.
Тие четворица се неразделни и секаде одат заедно.
Дарио вели дека нема тајна за успешно семејство. Сѐ се сведува на компормис, разбирање и кон децата и кон сопругата.
„Секогаш ќе се јави по некоја „искра“ поради некои работи, поради генерациските разлики, вкусовите и слично. Јас на пример сум многу педантен, па тоа понекогаш им пречи дома, но генерално, на крајот на денот мора сите да направиме компромис, кој згрешил да признае, да се извини и на крајот да продолжиме заедно. Тука нема многу голема филозофија, едноставно го чувствуваш тоа, дали е добро или не“, изјави тој.