Најпопуларните фармерки за ова лето
Еден модел на фармерки во моментов важи како најпопуларен и тоа благодарение на брендот „Reformation“. Во прашање се фармерки со длабок струк и со пократки ногавици кои можат да им стојат убаво на сите жени, без разлика на формата на телото, па воопшто не нé чуди што за нив има и листа за чекање од 3000 луѓе, пишува Дејли Мејл.
https://www.instagram.com/p/BipJbSTAyf5/?utm_source=ig_embed
Според среќничките што досега успеале за себе да приграбаат еден модел дознаваме дека во прашање се фармерки кои се мошне практични и квалитетни, а како што велат од самиот бренд, направени се од рециклиран материјал поради што и им се допаѓаат на многу ИТ девојки.
https://www.instagram.com/p/Bfb93_IBjGG/?utm_source=ig_embed