Белите мантили се нашите херои
Тие беспоштедно го ризикуваат своето здравје за да спасат нечиј живот и неуморно се грижат за болните.
Така е во цел свет, посебно во оние подрачја кои најмногу се погодени од епидемијата. И додека од нас, граѓаните, се бара да бидеме разумни и да го сведеме на минимум нашето движење, тие деноноќно лавовски се борат и даваат сé од себе да ја држат работата под контрола. Затоа во овие моменти и треба да го слушаме нивниот глас и пораките што ги испраќаат до нас.
Една од нив е и драматичното видео преку кое здружението на доктори на Италија ги повикува своите сограѓани да останат дома. Во истото време тие преку видеото ја подигаат и свеста кај луѓето со какви предизвици и ризици се соочуваат здравствените работници.
„Нема више време. Нема ни кревети, недостигаат заштитни маски и облека, во константна опасност сме, знаеме дека секој ден ризикуваме да бидеме заразени и да го внесеме вирусот во своите домови. Немаме време ни за солзи, освен на крај од долгите исцрпни смени. Ја гледаме cмp ттa на која и е одземено да биде одбележана достоинствено. Малку сме и исцрпени сме“, се наведува во нивното видео.
Видеото е направено од фотографии од докторите и медицинските сестри што тие самите ги објавувале на социјалните мрежи, со отоци и лузни на лицата заради долгото носење на заштитни маски и очила.
„Ги посетуваме и граѓаните по домовите како војници на фронт, без заштита… ако не ја сопреме оваа лавина, ќе платиме скапа цена – ќе се сруши целиот здравствен систем и сето она за што има смисла да се живее. Ни се потребни болници, луѓе, веднаш, сега, не утре. Потребни сте ни вие наши драги сограѓани. Затворете се дома. Секое излегување ги отвора вратите на вирусот. Не смееме тоа да го дозволиме, повеќе немаме време“ велат медицинските лица во видеото.
Бројот на оние што го изгубија животот во Италија во последните 24 часа порасна за 349, на 2150 што е за 19.3 отсто, објавија странските агенции.
Вкупниот број на случаи во оваа европска земја која во моментов е најмногу погодена од вирусот порасна на 27.980 од претходните 24.747 што е зголемување за 13 отсто, односно најмала стапка на раст од почетокот на епидемијата во Италија, односно од кога прв пат се појави на 21 февруари.
Кога да очекуваме вакцината против коронавирусот?
Експериментот ќе се изврши во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје.Клиничкото испитување за оценка на вакцината наменета за заштита од новиот корона вирус започна вчера, кога беше вакциниран првиот пациент.
Како што се наведува, потребно е од 12 до 18 месеци за било која вакцина потполно да биде потврдена.
Во Македонија спуштени рампите на граничните премини
Од денеска сите гранични премини на земјава се затворени. Одлуката синоќа ја донесе Владата, по што министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Никола Димитров информираа дека копнените граници кон соседите се затвораат за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. „Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство“, изјави министерот Филипче.
Димитров предупреди дека дека доколку некој отпатува, не се знае кога ќе може да се врати.
„Не патувајте. Тој што планира да патува, неизвесно е кога ќе може да се врати бидејќи државите затвораат граници, аеродроми. Немаме контрола врз границите на трети држави. Време е да седиме дома, да бидеме храбри и смирени. Тие, пак, што имаат регулиран престој во трета држава, да се воздржат од враќање и да ги следат препораките на тамошните власти“, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вечерашната прес-конференција во Владата.